СО НЕГОВАТА ХАРИЗМА ГО ВООДУШЕВИ ЖИРИТО: Филип Пецовски направи вистинско шоу на сцената!

Во последната емисија на музичкото шоу настапуваше и Филип Пецовски кој од првото појавување на сцената со неговата харизма го воодушеви жирито.

Тој настапи во дуел со кандидатот на Ана Бекута, Александар Гуте Маринковиќ.

Филип кој е под менторство на Јелена Карлеуша, се претстави со песните „Соба за тага“ од Тоше Проески и „Параноја“ oд Тропико со што направи вистинско шоу на сцената на Гранд.

Aleksandar Gute Marinkovic i Filip Pecovski – Splet pesama – (live) – ZG – 18/19 – 18.05.19. EM 35

Уште еден македонски кандидат го покори жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ имаме прилика да ги гледаме прекрасните настапи на македонските кандидати меѓу кои Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Адам Лабунски, Елена Миленковска… Благодарение на своите ментори и нивната поддршка, македонските претставници меѓу кои и Дарко Кцевски успеаa да го покорат жирито и да освојат гласови.

Прекрасен настап на Мартинијан во “Ѕвездите На Гранд”, “Километри” ја отпеа подобро и од Лозано

Прекрасната песна „Километри“ на Влатко Лозаноски беше изборот со кој Мартинијан настапи оваа недела на Ѕвездите на Гранд.

Очекувано, песната ја испеа одлично и со многу емоции, што предизвика воодушевување кај публиката.

Martinijan Kirilovski – Kilometri, Milimetar (live) – ZG – 18/19 – 02.03.19. EM 24

Нашиот Дамјан со одличен настап на „Ѕвездите на Гранд“ – Ова младо момче е новата музичка надеж

Со песните „Плавуша“ од Кичо Слабинац и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески 16-годишниот Дамјан му остави одличен впечаток го импресионираше жирито и предизвика позитивни коментари и воодушевување.

Untitled.png

Скопјанецот Филип Пецовски расури во Zvezde Granda, го враќаа и на бис

Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз. Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески. Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.

Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор. Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.

По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.

Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“. Неговиот настап погледнете го на 1:06

Пејачот Дамјан Димевски го фрапираше жирито на Zvezde Granda

16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје му остави одличен впечаток на жирито на Ѕвезде Гранда. Тој од свои 14 години настапува на сцените на Гранд, каде минатата година дојде до финале. Оваа година се натпреварува со возрасните каде треба да се покаже исклучително знаење во пеењето како и перформансот.

Јелена Карлеуша во текот на настапот на неколку пати го пофали пеењето и изгледот, Марија Шерифовиќ остана без зборови, а Саша Поповиќ и самиот нагласи дека е прв кандидат кој ја оставил без зборови.

Погледнете ги и реакциите на жирито

Адам Лабунски после неколку сезони во „Пинкови ѕвезди“ си ја проба среќата во “Ѕвездите На Гранд”

Добро познатиот Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех.

Елена Миленковска „растури“ на „Ѕвездите на Гранд“

Македонската поп пејачка Елена Миленковска дебитираше во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ на најдобар можен начин. Таа пееше по една песна од Марија Шерифовиќ и Тамара Тодевска. Токму Шерифовиќ  искоментира дека таа е храбра девојка, бидејќи нејзините песни се навистина тешки за пеење.
Elena Milenkovska – 11, 1003 – (live) – ZG 1 krug 17/18 – 03.02.18. EM 18

Мирсад Мустафоски (Кичево) – Ostani, Dal si sretnija – (live) | Zvezde Granda 1 krug 17/18 – 20.01.18. EM 16

Mirsad Mustafoski – Ostani, Dal si sretnija – (live) – ZG 1 krug 17/18 – 20.01.18. EM 16

Велешанецот Александар Темелков направи хаос на сцена: Карлеуша го крена во раце затоа што пееше дека е дебела

Велешанецот Александар Темелков и оваа година настапи на Ѕвездите на Гранд.

Тој не доби ниту еден глас по првата песна, но продукцијата му даде шанса да ја испее и втората песна.

Тогаш почна хаос. Тој ја пееше „Кило горе, кило доле“ која и ја посвети на Јелена Карлеуша, дојде до нејзиното столче и почна да настапува само за неа.

Пејачката најверојатно се налути, го крена во раце и го врати на сцена.

 

По овој настап, Александар ги доби сите гласови.

Македонецот на „Ѕвездите на Гранд“ пееше за поранешната, а зад сцената го бодреше сегашната

Александар Стевановски од Крива Паланка минатата сезона во Ѕвездите на гранд направи вистинско „шоу“ за паметење, а оваа сезона повторно се појави иако тогаш беше одбиен од жирито.

Александар минатата сезона објасни дека неговата девојка Бојана му поставила услов ако помине во следниот круг од натпреварот де ка тие ќе се смират.

Меѓутоа тоа не се случи тогаш, а оваа сезона тој се појави повторно, но овој пат со неговата девојка Сања која му беше поддршка.

-Ти си нешто најодвратно што го имам слушнато, вели Карлеуша, додека Александар на тоа додадол дека тоа за него било комплимент.

-Тоа е навреда, а не комплимент. Ти си најлошиот кандидат кој некогаш пеел на оваа сцена, завршила Карлеуша.

Иако тој си го средил животот, тоа не се случило и со неговото пеење и тоа останало лошо, вели Карлеуша.

Настапот на Александар започнува од 1 часот и 3 минути, погледнете.

Ивана Наумова (Штип) – Pozeli srecu drugima / Kao da me nema | Zvezde Granda 11.11.2017

Ивана Наумова има 22 години од Штип настапи во шестата емисија на балканското шоу Zvezde Granda. Ова е нејзино второ учество, првпат учествуваше во 2015 година. Таа прво настапи со “Pozeli srecu drugima” од Lepa Brena и доби 3 гласа од жирито, а како втора песна ја испеа “Kao da me nema” од Vanna. Со 3 гласа таа се пласираше во баражот но не успеа да се пласира во вториот круг. Погледнете го настапот на Ивана

Сите уживаа во настапот на Стефан Величковски од Скопје | Zvezde Granda 21.10.2017

Стефан Величковски од Скопје ја отвори третата емисија од новата сезона на шоуто Zvezde Granda и одма го воодушеви жирито. Тој најпрво ја отпеа “Jedina” од Владо Георгиев и веднаш доби 6 гласа од жирито, за подоцна со втората песна “Pratim te” од Тоше Проески да го добие и седмиот глас од Вики Миљковиќ.

Ние очекуваме вие Македонците да пеете најубаво.Имаш моќен глас и се звучеше сјајно. Секоја чест коментираше Карлеуша. Уживајте во настапот на Стефан.

Игор Васиљков (Куманово) – “Bogovi zemljom hode” / “Meni je s tobom sreca obecana” – Zvezde Granda 14.10.2017

Игор Васиљков во првиот круг се претстави со “Bogovi zemljom hode” од Љуба Аличиќ за која доби 2 гласа, а потоа ја испеа и “Meni je s tobom sreca obecana” од Шабан Шаулиќ и вкупно доби 7 гласа. Игор настапуваше и пред две сезони, а поради годините (42) оваа сезона во шоуто е по одлука на Саша Поповиќ.

Untitled

 

Мартинијан Кириловски (Куманово) – Adio / Losa | Zvezde Granda 2017/18, 07.10.2017

Мартинијан Кириловски има 21 год. доаѓа од Куманово и е првиот Македонец кој настапи во новата сезона на “Zvezde Granda”. Toj ги испеа “Adio” од Кнез и “Losa” од Џенан Лончаревиќ и се пласираше во вториот круг. Погледнете го неговиот настап

Ристе Ристески конечно призна дека се заљубил и дека е во врска веќе 4 месеци. Еве што кажа тој за својата девојка

Победникот на Zvezde Granda, Ристе Ристески конечно призна дека се заљубил и дека е во врска веќе 4 месеци. Еве што кажа тој за својата девојка