Tag Archives: Zvezde Granda 2017/18

Zvezde Granda | Таип Саити (Тетово) – Море Сокол Пие, Чаје Шукарије | 02.12.2017

Advertisements

Велешанецот Александар Темелков направи хаос на сцена: Карлеуша го крена во раце затоа што пееше дека е дебела

Велешанецот Александар Темелков и оваа година настапи на Ѕвездите на Гранд.

Тој не доби ниту еден глас по првата песна, но продукцијата му даде шанса да ја испее и втората песна.

Тогаш почна хаос. Тој ја пееше „Кило горе, кило доле“ која и ја посвети на Јелена Карлеуша, дојде до нејзиното столче и почна да настапува само за неа.

Пејачката најверојатно се налути, го крена во раце и го врати на сцена.

 

По овој настап, Александар ги доби сите гласови.

Македонецот на „Ѕвездите на Гранд“ пееше за поранешната, а зад сцената го бодреше сегашната

Александар Стевановски од Крива Паланка минатата сезона во Ѕвездите на гранд направи вистинско „шоу“ за паметење, а оваа сезона повторно се појави иако тогаш беше одбиен од жирито.

Александар минатата сезона објасни дека неговата девојка Бојана му поставила услов ако помине во следниот круг од натпреварот де ка тие ќе се смират.

Меѓутоа тоа не се случи тогаш, а оваа сезона тој се појави повторно, но овој пат со неговата девојка Сања која му беше поддршка.

-Ти си нешто најодвратно што го имам слушнато, вели Карлеуша, додека Александар на тоа додадол дека тоа за него било комплимент.

-Тоа е навреда, а не комплимент. Ти си најлошиот кандидат кој некогаш пеел на оваа сцена, завршила Карлеуша.

Иако тој си го средил животот, тоа не се случило и со неговото пеење и тоа останало лошо, вели Карлеуша.

Настапот на Александар започнува од 1 часот и 3 минути, погледнете.

« Older Entries