Tag Archives: X Фактор

Стојанчо Бучков го напушти бугарскиот „Х фактор“

Викендов се одржа првиот концерт од финалните вечери во живо на бугарскиот „Х фактор“, во чии рамки се натпреваруваа вкупно 13 финалисти, меѓу кои и нашиот Стојанчо Бучков. 22-годишниот гевлегичанец беше единствениот Македонец што успеа да стигне до оваа фаза од натпреварот, но за жал не доби поддршка од бугарската публика и беше првиот финалист што си замина дома.

Тој настапи со познатиот хит од „Квин“, „Somebody To Love“, за што жирито имаше само позитивни коментари, вклучувајќи го и неговиот ментор Криско, кој нагласи дека е уникатен и нема со кого да го спореди, а како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.

Откако заврши гласањето, Стојанчо се најде меѓу тројцата финалисти со најмалку гласови, а откако Дахмара прва го напушти натпреварот, тој влезе во дуел со колешката Манал, а крајниот збор го имаше жирито, кое одлучи токму таа да продолжи понатаму.

Advertisements

Стојанчо Бучков од Гевгелија се пласираше во Топ 13 во Бугарскиот X-Фактор

Стојанчо Бучков настапи во “Куќите на судиите”, каде ја отпеа “Angel” од Sarah McLachlan. Една од најпопуларните бугарски пеачки, Јорданка Христова и менторот на Стојанчо, Криско беа воодушевени од неговата изведба и го пуштија во Топ 13. После ова тој ќе настапува на големите концерти низ Бугарија. Првиот концерт ќе биде на 22 октомври.

Марио Арангеловски се пласираше во во втората фаза на X-Фактор Бугарија

Марио Арангеловски настапи во втората фаза во Бугарскиот X-Фактор (“предизвикот на шесте стола”) и успеа да се избори за место на еден од 6-те стола. И покрај лошите коментари од жирито тој се пласираше во последната фаза пред големите концерти. Марио настапи со “Mercy” од Shawn Mendes, а негов ментор ќе биде Криско.

Стојанчо Бучков повторно импресионираше со својот настап во X-Фактор Бугарија, сите останаа без зборови

Младиот гевгеличанец Стојанчо Бучков настапи последен во втората фаза во Бугарскиот X-Фактор (“предизвикот на шесте стола”) и успеа да се избори за место на еден од 6-те стола. Тој ја испеа “Unchained Melody” од Righteous Brothers и се пласираше во последната фаза пред големите концерти. Негов ментор ќе биде Криско.

Уште еден Македонец растури на X- Фактор Бугарија | Стојанчо Бучков од Гевгелија

Стојанчо Бучков е студент од Гевгелија има 22 години и е еден од двајцата Македонци кои учествуваат во аудициите на бугарскиот X Фактор. Тој го воодушеви жирито со прекрасната изведба на “Clown” од Emeli Sande. УЖИВАЈТЕ!!

Марио Арангеловски од Куманово го крена жирито на X Фактор во Бугарија

Дваесет и две годишниот Марио Арангеловски од Кумановоучествува во бугарската верзија на талент шоуто „Икс Фактор“ каде се претстави со песната „Here without you baby“ и ги освои симпатиите на тамошната публика и жири.

Четворицата членови на жири комисијата му ги дадоа гласовите и тој продолжува да се натпреварува во понатамошната етапа на шоуто.

Како изгледаше неговиот настап проследете во следното видео: