Плоштадот е полн, се чека пристигнувањето на ракометарите на Вардар

Нема игла каде се фрли на плоштадот „Македонија” во Скопје, илјадници граѓани во центарот на градот чекаат да пристигнат Вардарци и хероите од Келн.

Advertisements

Гледајте го во живо натпреварот Вардар – Веспрем (ЛИНК)

Финалето на Ф4 турнирот во Келн почнува од 18 часот, а екипата на Вардар во него ќе се бори за победа против составот на Веспрем за трофејот.

После вчерашната победа над Барселона вардарци сакаат уште еден триумф за уште поуспешен викенд во Келн. Им претсојат можеби најтешките 60 минути, но јасно е дека денеска на вакви средби се раѓаат шампионите.

За разлика од вчера денеска натпреварот ќе биде пренесуван на првиот канал на АренаСпорт, а доколку овој канал го немате кај своите оператори еве видео тука

Вардарки потонаа во тага, историјата се повтори во финалето во Будимпешта

Како и минатата година, вардарки имаа напад за победа во регуларниот тек и пак беа брзоплети и не упатија удар кон унгарскиот гол. Во продолженијата од финалето на Лигата на шампионите беа надиграни од Ѓер, а кога им се укажа шанса за реми и седмерци, Киш се испречи и одбрани зицер. Тагата загосподари меѓу ракометарките на Дибирова и потиштени низ солзи и болни гримаси ја напуштија „Ласло Пап Арена“ за да се подготват за церемонијата на прогласување на најдобрите

ЕКСКЛУЗИВНО!!! Запросување на натпреварот Вардар – Кил

Честитки за Владимир и Ирена ❤️
На реванш четвртфиналето меѓу Вардар и Кил, Владимир ја побара Ирена за сопруга…. и Ирена 100% се согласи 😍
Им посакуваме многу среќа и успех

vla

„Ја излези Ѓурго“ грми во Јане Сандански

„Ја излези Ѓурго“ грми во Јане Сандански
Стефан од Next Time заедно со навивачите ја испеа акапела изворната „Ја излези Ѓурго“ на само неколку минути пред почетокот на мечот со Кил

Врие во Јане Сандански: Ракометарите на Кил ги очекува вистински пекол во Скопје

Со почеток од 17 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одигра реванш мечот меѓу актуелниот европски ракометен шампион Вардар и германскиот гигант Кил. Победата од 28-29 во Германија ги прави вардарци благи фаворити денеска, а црвено-црните ќе имаат и силна поддршка од домашната публика која е позната како една од најгласните во Европа.

Го магепса својот гол: Одбрани седум пенали за 21 минута

На средбата меѓу Скјерн и Мотор Запорожје се случи несекојдневен момент кој веројатно може да си најде свое место и во гинисовата книга на рекорди.

За период од 21 минута голманот на Скјерн, Србинот Тибор Иванишевиќ имаше неверојатен перформанс откако успеа да одбрани дури седум пенали. Тој самиот ги реши противниците и успеа да го однесе својот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Откако ги одбрани првите три удари како да го магепса својот гол, а сигурно им го зголеми и притисокот на сите кои биеја понатаму. Инаку, билансот на пеналџиите на Мотор на овој дуел беше 1 гол од девет удари.

Како изгледаше да се шутираат пенали на Иванишевиќ може да се види во видеото во продолжение.

Нант – Загреб | Лудиот финиш во Нант што вреди да се погледне

Нант и Загреб одиграа неповторлив натпревар во кој по голема битка славеше тимот на нашиот Кире Лазаров со минимални 28-27.

Францускиот тим поведе со 27-26 на помалку од триесет секунди до крајот, по што Касим Каменица побара тајмаут. Загреб тргна „седум на шест“ и постигна гол преку Вуглач, но тоа малку им вредеше на гостите бидејќи Нант експресно реагираше и постигна гол од центар во празната мрежа, бидејќи Скок не се врати навреме на теренот.

И тоа не беше се, Загреб имаше доволно време за уште еден напад и чист шут, но Думулан го запре зицерот на гостите и донесе огромна радост меѓу домашните фанови и ракометари.

(ВИДЕО) Шампионски пречек за Лука Циндриќ, во неговиот роден град

Играчот кој донесе финале во лигата на шампионите со гол во последните секунди, Лука Циндриќ имаше шампионски пречек во неговиот роден град, Огулин, каде ги има направено своите први чекори. Неколку илјади луѓе излегоа во на улиците во вој град да го поздрават нивниот европски шампион. Лука од се срце им се заблагодари за овој неверојатен пречек, кој ќе го памети цел живот. На самото обраќање пред собраниот народ, Лука рече: Полесно е да се игра ракомет, отколку тука да се зборува пред вас.