Младиот и талентиран Христијан Настески-Пајак нов ексклузивец на “Урбан Рекордс”

Христијан Настески-Пајак, е талентирано деветнаесет годишно момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, инаку студент во прва година на студии по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шест годишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.

Pajak – Dark Side (OFFICIAL VIDEO)

Музиката и текстот за “Darkside” се на Пајак, битот на Josh Petruicco x Bra!n, микс и мастеринг на Mecka warrior/Iwayo. Видео записот е снимен во напуштена фабрика, за целосна реализација на истиот се погрижи Борче Димоски и неговиот тим од “Digital Box” и покрај малите проблеми со кои се соочиле за време на снимањето поради ситуацијата со коронавирусот, на крај се се завршило како што треба.

Пајак кој со “Hell Boy” и “Mama” се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, за само два месеци достигна над милион прегледи на YouTube со хитот “Hell Boy”.

Пајак карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, заедно со “Урбан Рекордс” работат на многу нови проекти кои ќе ги слушнеме за многу брзо време, надевајќи се дека со секоја песна ќе допрат и ќе остават важна порака на публиката.

Во продолжение, погледнете го новиот спот за “Darkside”, која е веќе на трендинг позиција на YouTube во Србија и Босна, а во топ 3 во Македонија.

“Урбан Рекордс” побогати со уште еден убав и талентиран женски артсист – Луна

Запознајте ја дваесет и едно годишната Луна, вториот женски артист на “Урбан Рекордс”, кој ветува многу. Луна веќе го промовираше нејзиниот прв сингл “Kуш”, на YouTube каналот на “Урбан Рекордс.

Видео спотот се снимаше во Про Лајт Студио. Во него Луна менува неколку интересни модни комбинации, во друштво е со Тракер, а присутна е и една доста интересна бела мечка – маскота. Го изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција. Песната е во трап стил, текстот и музиката се на самата Луна, аранжман/бит, микс и мастеринг се на хитмејкерот Иван Јованов – Ивајо.

Ексклузивците на “Урбан рекордс” Тракер и Таско доаѓаат со “Црна мечка”

Се попопуларните Таско и Тракер заедно во нов проект на Урбан Рекордс продукција, каде Таско се појавува како гостин во новата трап песна на Тракер. Оваа не им е прва соработка на двоецот Таско-Тракер, тие летото минатата година снимија спот за “Не ме боли”.

Сега Тракер и Таско ни доаѓаат со “Црна мечка”.

Музиката и текстот се на Андреј Трајковски-Тракер и Христијан Тасковски-Таско, аранжман и мастеринг на Иван Јованов-Ивајо, спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски “God Eye Production”, а за организацијата и графичкиот дизајн се погрижи Борис Тасковски.