Спектакл во Лас Вегас: Најбрз нокаут во историјата на УФЦ

Историја беше испишана на синоќешните УФЦ пресметки во Лас Вегас, во кој фановите беа сведоци на најбрзиот нокаут во историјата на овој спорт.

Бен Аскрен влезе во дуелот против Хорхе Масвидал со скор 19-0, но го претрпе првиот пораз, и тоа по само пет секунди борба. Тој беше изненаден од потегот на Масвидал, кој со „летечко колено“ го закачи во главата, по што судиите експресно ја прекинаа борбата.

Advertisements

Нурмагомедов го избриша ова видео: Бескруполозниот Хабиб некогаш срамно „тормозеше“ беспомошни лица…

Хабиб Нурмагомедов е еден од најспомнувани спортисти деновиве во светот по моќната победа на УФЦ 229 против Конор МекГрегор, со што ја одбрани УФЦ титулата во лесна категорија.

Нурмагомедов сега се најде во центарот на вниманието и поради видео снимено пред неколку месеци а на кое се гледа како Хабиб бескруполозно тера двајца бескуќници на улиците во Њујорк да прават на улица склекови за да им даде пари.

Тоа видео уште веднаш по неговото објавување предизвика бројни реакции од хуманитарните организации, но и корисниците на социјалните мрежи кои тврдеа дека ниту едно познато лице не би требало да прави такво нешто.

Хабиб тоа видео го објави и на својот профил, но набрзо го избрши. Сепак, неговите противници и приврзаници на МекГрегор деновиве повторно го активираа како потсетување на карактерот на Хабиб….

Неверојатно… Во Дагестан победата на Хабиб над МекГрегор се слави со автоматски пушки

Победата на Хабиб Нурмагомедов против Конор МекГрегор се прослави и во Дагестан… И тоа на,помалку, неверојатен начин.

Група пријатели триумфот на Дагестанецот го прослави во двор со автоматски пушки и пиштоли…

Untitled

Хаос во Лас Вегас – Мекгрегор го предаде мечот, па настана општа тепачка!

Кабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија, но после мечот настана вистински хаос.

Шампионот го здрма Мекгрегор со силен удар на почетокот на втората рунда и потоа повторно го фрли на под и целосно доминираше, сепак Ирецот успеа да се спаси и со недозволен удар со колено го удри Кабиб.

Третата рунда донесе неколку добри удари на двете страни, Кабиб не бегаше дозволуваше Мекгрегор да го удира, но често имаше и добар одговор. Во оваа рунда Ирецот имаше поголем број важни удари и на крајот и успеа да ја доби оваа рунда.

Фрлањето на под на Кабиб започна во четвртата рунда. Успешно го контролираше и Конор го предаде мечот, а потоа настана вистински хаос и тепачка. Кабиб тргна во публиката да се пресметува со еден од тренерите на Ирецот.

UFC 229 McGregor Khabib SCARY BRAWL, ALL ANGLES Crowd/Octagon