Скопје е светот… Прекрасно видео како осврт на УЕФА Суперкупот!

UEFA Super Cup Skopje 2017 Review Video Final

Advertisements

Репортажа на Реал Мадрид ТВ за Скопје

Новинарска екипа на 12-кратниот европски првак и освојувач на Супер Купот 2017-та, склопи една доста фина репортажа за Скопје во пресрет на финалето. Соговорник во прилогот е Андреа, инаку македонски навивач на Реал Мадрид, кој раскажува за нашите историски знаменитости.

Репортажата е во два дела.

Три минутна носталгија со Реал и Манчестер | Лига на шампиони, четвртфинале, втор натпревар, Олд Трафорд, 2003-та година.

Сер Алекс Фергусон имаше тешка задача, бидејќи неговиот колега од спротива Висенте Дел Боске гостуваше со добар резултат од 3:1 од првиот дуел. Задачата да се возврати ударот имаше уште една тежина плус, а тоа е формата на Роналдо кој дојде со прецизен нишан.

Конечниот резултат беше 4:3 со хет-трик на Роналдо кој му донесе три пати водство на својот тим. Победата на домаќините беше пирова, бидејќи се соочија со елиминација од вкупни 5:6.

Како Роналдо го следеше Супер купот од клупата за резерви (Видео)

Кристијано Роналдо е голема ѕвезда, па медиумите од Шпанија внимателно го следеа и на клупата за резерви во Скопје, и имаа една камера само за него.

Навивач со „Роналдо“ на градите влета на терен за да го слави пехарот со Реал!

По последниот судиски свиреж и новиот Суперкуп на УЕФА под името на Реал Мадрид, навивач од трибините влета на теренот за да го слави трофејот со „кралевите“, но премногу брзо беше совладан.

Тој влезе од трибина, им бегаше на редарите, а очигледно е дека беше фан на Реал Мадрид затоа што на градите му пишуваше „Кики Роналдо“. Тие разулавено го бркаа низ теренот, а на крајот, кога пристигна до трибиниата кај „мадридистите“ беше совладан

Мурињо го подари медалот на навивач (Видео)

Жозе Мурињо веднаш по церемонијата се упати кон трибината на навивачите на „црвените ѓаволи“ и му го подари својот медал на едно од децата на трибините.

Фудбалската треска почна – кулминацијата е на „Телеком арена“

Возбудливо е попладнево во центарот на Скопје, каде фанови на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид се подготвуваат за пресметката на нивните миленици, закажана за 20.45 часот на „Телеком арена“.

ВИДЕО: Роналдо избегна несакана трагедија на пристигнувањето на тренингот…

Кристијано Роналдо лесно можеше да се случи по лошо да ги запамети и Скопје и Македонија и УЕФА Суперкупот 2017.

На пристигнувањето на „Телеком арената“ за тренингот на Реал Мадрид, португалскиот фудбалер излегувајќи од автобусот на „кралевите“ се лизна на скаличките, но вешто успеа да ја задржи рамнотежата, за среќа, избегнувајќи и поголема несакана трагедија…

Стотина фанови ги пречекаа „црвените ѓаволи“ во ТЦЦ „Гранд плаза“

По едночасовно доцнење, тимот на Манчестер јунајтед пристигна во ТЦЦ „Гранд плаза“. Пред хотелот имаше силно полициско обезбедување и поставена ограда на стотина метри од влезот зад која беа наредени многубројни новинарски екипи и стотина фанови на „црвените ѓаволи“. Фановите ги извикуваа имињата на своите миленици, но единствено Немања Матиќ се сврте да им отпоздрави.

Промо видео: Скопје е подготвено за шоуто наречено „Супер куп 2017“

Фудбалската Федерација на Македонија објави прекрасно промо видео со наслов – Скопје, домаќин на УЕФА Супер-купот 2017, со јасна порака дека нашиот главен град и „Телеком Арена“ се подготвени за организација на спортскиот настан број еден во нашата држава годинава.

УЕФА со промотивно видео за Супер Купот Скопје 2017…

Четири месеци ја делат Македонија од организацијата на најголемиот спортски настан кој во историјата се одржал во нашата земја, УЕФА Супер купот „Скопје 2017“.

Во рамките на подготовките за спектаклот кој треба да се одржи на 8. август на „Телеком арената“ во Скопје, УЕФА лиферуваше прво промотивно видео како најава за најзначајното фудбалско клупско натпреварување на Стариот континент на почетокот од следната сзона… УЕФА Супер купот, традиционално, е најава за сето она што фудбалска Европа ќе ја очекува во новата 2017/2018 сезона