The Chicks имаат нова песна, “Бакнеж”

Македонскиот женски бенд The Chicks, ја објави втората песна од новиот деби албум „Travelers”, насловена како „Бакнеж”.

Автор на музиката и аранжманот е Александар Чекреџи- Чекре, текст и аудио продукција Александар Ристовски- Принц, микс и мастеринг: Златко Симионски- Зеко.

За песната е објавено и видео за кое девојките на својот фб профил напишаа: „Со оглед на ограничувањата и неможноста да изработиме професионален видео запис, решивме на бидеме креативни и да направиме видео снимено со телефон, кое што сами го измонтиравме. Снимено е на локации на велешкото езеро „Младост“. Беше навистина забавно за нас и се она што е снимено во суштина сме ние, потполно природни. Сакавме да покажеме дека и во вакво време, сепак човек може да биде креативен и да твори“.

„Девојките“ (The Chicks) ја препеаа “Доживотно” од Елена Ристеска

„Девојките“, односно Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова и Моника Ѓорѓиева, се познати по одличните преработки на познати хитови, како и по бројните настапи ширум земјата.

Трите девојки од Велес, „The Chicks“ пред две години запливаа во музичките води и ја освоија публиката со својот талент и музика, а денес нивната агенда е полна со настапи, а пак од публиката добиваат премногу поддршка. Како звучи и изгледа нивната верзија на „Доживотно“ дознајте во продолжение. Уживајте!