Први кадри од најновото продолжение на култната франшиза „Терминатор“

Стигнаа првите кадри од најавената научно-фантастична акција „Terminator: Dark Fate“, во која ќе имаме можност да ги гледаме легендите од култниот прв „Terminator“ од пред 35 години.

Ова ќе биде шесто продолжение од култната франшиза во кое прв пат, после вториот дел „Terminator 2: Judgment Day“ ќе ги обедини Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон и Џејмс Камерон.

Новото продолжение го режираше Тим Милер, познат по хитот „Deadpool“, а приказната ги следи настаните од филмот од 1991 година. Продукцијата е на визионерот Камерон и Дејвид Елисон.

За „Terminator: Dark Fate“ не се познати многу детали, освен дека ќе биде директно продолжение на вториот дел од познатата франшиза. Во филмот, освен споменатиот актерски тандем, ќе се појават и други актерски ѕвезди како Мекензи Дејвис, Натали Рејес, Габриел Луна и Диего Бнета.

Terminator: Dark Fate Teaser Trailer #1 (2019) | Movieclips Trailers
Advertisements