Македонија денеска за прв пат по три месеци живее без полициски час

Македонија го живее првиот ден без полициски час откако изминатите три месеци се навикнавме на празни улици и полициски возила…

Зоолошката градина Скопје, од денес е повторно отворена

По два и пол месеци под клуч, едно од најомилените места за забава и рекреација во главниот град – Зоолошката градина, од денес е повторно отворена за сите посетители.

ОД ДЕНЕСКА СКОПЈЕ СО НОВ БУЛЕВАР – ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ

Градот Скопје е побогат за уште една важна сообраќајница – булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Оваа нова сообраќајна врска која ќе овозможи развој на северниот дел од градот денеска и официјално беше пуштена во употреба.

Погледнете како се градеше новиот булевар…

Жива свирка во Лисиче – ги забавуваа соседите во време на карантин

На социјалните мрежи се споделува видео снимено во скопската населба Лисиче на кое се гледаат неколкумина кои од својот двор, но и пред него свират и пеат за време на карантинот кој трае цел викенд. По завршувањето добија аплауз од целото соседство.

ШОКАНТНО ВИДЕО: СКОПЈАНЕЦ МАЛТРЕТИРА КИНЕСКИ ТУРИСТИ ВО СКОПЈЕ “Коронавирус, мрш од тука!”

На социјалните мрежи попладнево се појави видео на кое извесно лице вербално напаѓа Кинези во центарот на Скопје.

Лицето ги снима и ги пцуе, а нападнати молчат и се обидуваат да го избегнат конфликтот.

Огномет и спектакл, Дино Мерлин пееше пред 60.000 луѓе во Скопје за Нова година

Со концертот на Дино Мерлин и спектакуларен огномет на полноќ, над 60.000 луѓе од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Веселата атмосфера почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи Gypsy Groove и „Суперхикс“, кои ја загрејаа атмосферата пред Мерлин да излезе на сцената. Тој ги испеа своите најголеми хитови и уште еднаш покажа зошто е толку голема ѕвезда на Балканот, со кариера што трае повеќе од 3 децении.

Организатор на новогодишната забава беше Град Скопје. Тие во текот на месец декември на плоштадот „Македонија“ секојдневно организираа и концерти за граѓаните на „Винтерленд“, поставен пред ГТЦ. Во јавноста се коментираше дека ова е една од најубаво организираните нови години кај нас, а дека Скопје овојпат личеше на големите светски метрополи.

Почнуваат градежните работи за проширување на „Пластичарска улица“

Започна проширувањето на „Пластичарска“. Во првата фаза од градежниот зафат ќе се работи на делот клучката кај Бит Пазар до касарната „Илинден“.

Се воведува брз еколошки превоз во Скопје

Во Скопје ќе се воведува автобуско метро или брз автобуски превоз. Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за воведување на БРТ на територијата на град Скопје.

После цели 50 години Општина Центар добива ново основно училиште по европски стандарди

После цели 50 години Општина Центар добива ново основно училиште. ООУ „Киро Глигоров“ е училиште со светски, европски стандарди и е модел според кој ќе се градат и реконструираат сите идни училишта во нашата земја.

Град Скопје со 36-часовна континуирана работа на булеварите

Градските власти и овој месец ги засукаа ракавите за да ги реконструираат големите сообраќајници во Скопје. Строгиот центар на градот синоќа беше под засилена градежна офанзивна, за што сведочеше и екипата на Канал 5.

Слониците Дуња и Даела од Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје во вестите на бугарска национална ТВ

Слониците Дуња и Даела од Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје во вестите на бугарска национална ТВ. Уживањето на слоновите е вистинска атракција

Шилегов брка непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов попладнево влезе во улога на сообраќаен полицаец и бркаше непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол на улицата Љубљанска.

Шилегов дојде до својот автомобил, излезе и почна да им кажува на такситите да се тргнат, бидејќи такси станицата е поместена и веќе не се наоѓа таму. Град Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу за да не се создава хаос пред влезот на паркингот на Сити Мол.

Град Скопје ќе ги гради долго најавуваните тунели под Кале

Со потпишувањето на договорот за основниот проект започнуваат активностите на град Скопје околу изградбата на булеварот кој покрај влада преку мост на Вардар и тунели под Кале ќе излегува на Пластичарска.

Полицијата апсеше полски навивачи во Скопје

Полицијата привела повеќе навивачи на фудбалската селекција на Полска, која утре ќе ги одмери силите со нашата репрезентација во рамките на квалификациите за ЕП 2022. Навивачите се степале меѓу себе при што интервенирала полицијата.

Скопје ЗОО и во медумите во Обединетите Арапски Емирати

Скопје ЗОО и во медумите во Обединетите Арапски Емирати. Малото гибонче го привлекува вниманието низ целиот свет ❤️

صغير “الجيبون” يلتقي الجمهور للمرة الأولى بمقدونيا

Лени Кравиц сподели видео од прошетката низ Стара Чаршија во Скопје

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“,Лени Кравиц е во посета на Скопје, а неговиот концерт во ВИП Арената е закажан за 5-ти мај.

Мега музичката легенда веќе пристигна во главниот град Скопје, а денешниот ден го искористи за прошетка низ Стара Чаршија каде делеше автограми и се фотографираше со фановите.

„Стар пазар. Убав ден со средби со прекрасни луѓе“ – напиша Кравиц под видеото.

Пред 10 години на денешен ден на плоштадот Македонија во Скопје беа нападнати демонстрантите кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот

Пред точно 10 години на денешен ден (28 март 2009 година) на плоштадот Македонија во Скопје беа нападнати демонстрантите кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот. Протестот беше разбиен од група насилници кои добиваа вербална поддршка од контра-демонстранти кои носеа икони и други христијански симболи. Демонстрантите ја обвинуваа полицијата која немо ги набљудуваше нападите, дека не преземала ништо за да ги заштити.

Нашиот Дамјан со одличен настап на „Ѕвездите на Гранд“ – Ова младо момче е новата музичка надеж

Со песните „Плавуша“ од Кичо Слабинац и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески 16-годишниот Дамјан му остави одличен впечаток го импресионираше жирито и предизвика позитивни коментари и воодушевување.

Untitled.png

Скопјанецот Филип Пецовски расури во Zvezde Granda, го враќаа и на бис

Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз. Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески. Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.

Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор. Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.

По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.

Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“. Неговиот настап погледнете го на 1:06

Почна со работа нов бар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост

Од синоќа почна со работа нов бар во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал. Во оваа иницијатива е вклучен и Филозофскиот факултет.

Еден од вработените е младиот Филип. Тој вели дека се чувствува убаво кога работи и дека вака е повеќе почитуван меѓу луѓето.
На отворањето присуствуваа огромен број граѓани кои дадоа поддршка на идејата.

 

Пејачот Дамјан Димевски го фрапираше жирито на Zvezde Granda

16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје му остави одличен впечаток на жирито на Ѕвезде Гранда. Тој од свои 14 години настапува на сцените на Гранд, каде минатата година дојде до финале. Оваа година се натпреварува со возрасните каде треба да се покаже исклучително знаење во пеењето како и перформансот.

Јелена Карлеуша во текот на настапот на неколку пати го пофали пеењето и изгледот, Марија Шерифовиќ остана без зборови, а Саша Поповиќ и самиот нагласи дека е прв кандидат кој ја оставил без зборови.

Погледнете ги и реакциите на жирито

Запалени палми во Клиниката „Жан Митрев“

Во текот на изминатите денови во градината на Клиниката „Жан Митрев“ се запалени две палми од страна на група млади лица, информираат од Клиниката.

Едниот случај е регистриран минатата сабота во околу 1.30 часот, а другиот синоќа околу 2.30 часот.

На видеата, кои се направени со безбедносните камери на Клиниката, се забележуваат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата што за неколку секунди вивнува во пламен. Во вториот случај на безбедносните камери младите лица се симнуваат од автомобил, со прикриено лице и се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја палат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото.

 

Миа Мустафа (14 г. Скопје) блесна на сцената на “Ѕвездичките на Пинк”

Во 30-тата емисија на големото талент шоу “Pinkove Zvezdice” Миа одлучи да ја изведе песната “Доживотно” на Елена Ристеска и со тоа уште еднаш го докажа својот неверојатен талент за пеење.

14 годишната Скопјанка ги освои сите 5 гласови од жирито, а потоа проследија и нивните позитивни коментари.

Коѕијас пристигна во Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, попладнево слета на меѓународниот аеродром Скопје, во официјална посета на Република Македонија. Тој ќе има средби на највисоко ниво, дел од процесот на преговори за изнаоѓање решение на прашањето за името.

Македонката се расплака и „растури“ на сцена

Во најновото издание од најновата сезона на Ѕвездичките, настап на нашата Миа Мустафа. “Полско цвеќе” од легендата Проески беше првата песна со која Миа се претстави пред жири комисијата. Може малку го заборави текстот, но одлично се снајде на сцена и се “извади” како што тоа го прават само најголемите и нахрабри светски музички ѕвезди.

Mia Mustafa – Poljsko cveće

Песната ја погоди нашата Македонка која не можеше да ги сокрие солзите на сцена, и токму тој настап и тие моменти ги разнежнија срцата на сите оние кои со задоволство уживаа во нејзиниот моќен настап. Миа “растури” со “Полско цвеќе”, а ја зацврсти својата вечерна позиција со втората песна – “You know, I am no good”.

Елена Миленковска „растури“ на „Ѕвездите на Гранд“

Македонската поп пејачка Елена Миленковска дебитираше во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ на најдобар можен начин. Таа пееше по една песна од Марија Шерифовиќ и Тамара Тодевска. Токму Шерифовиќ  искоментира дека таа е храбра девојка, бидејќи нејзините песни се навистина тешки за пеење.
Elena Milenkovska – 11, 1003 – (live) – ZG 1 krug 17/18 – 03.02.18. EM 18

Миа Мустафа (Скопје) – Valerie | Pinkove Zvezdice 03.02.2018

„Кога Миа пее сè се тресе“, „Досега не сме слушнале вакво извонредно пеење“, „Никој вака не ја испеал оваа песна, дури и повозрасните колеги ги победи“, „Пееш со огромна леснотија, а со толку убавина во твојот глас. Ти посакувам да ни пееш 100 години и да те слушаме на концерти низ светот“...

Ова се само дел од коментарите кои Миа Мустафа ги добива по секоја нејзина изведба на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“. Во 16. емисија од музичкиот натпревар, Миа ја изведе „Valerie“ од Ејми Вајнхаус и предизвика неверување кај дел од жирито за тоа како и колку предобро пее.

Сепак сите славни пејачи, членови на жирито беа согласни Миа да стапи во контакт со нашиот музички продуцент Дарко Димитров за да ја започне својата музичка кариера. Сиве овие пофални зборови кажуваат многу за 14-годишната скопјанка, која посакуваме да ја слушаме и гледаме уште многу години.

 

Магдалена Алексовска (Скопје) – I Surender | Pinkove Zvezdice 17.11.2017

Магдалена Алексовска од Скопје ја отпеа I surender од Селин Дион. Магдалена има 15 години и со својот глас и талент го воодушеви жирито. Иако прво ги доби сите 5 гласа, Гоца го повлече својот па Магдалена мораше да оди во бараж каде за жал не се пласираше во вториот круг.

 

Марија Спасовска (12 г. Скопје) – Utro | Pinkove Zvezdice 10.11.2017

Марија Спасовска од Скопје настапи со “Jutro” од Jelene Tomašević во шоуто Pinkove Zvezdice. Таа има 12 години и доаѓа од Скопје. Погледнете го нејзиниот настап

Сара Гигова (13 г. Скопје) – Смеј Ми Се Смеј | Pinkova Zvezdice 10.11.2017

Сара Гигова има 13 години и е од Скопје. Таа настапи во четвртата емисија на Pinkove Zvezdice каде што ја отпеа “Смеј Ми Се Смеј” од Каролина Гочева и ги освои сите пет гласови од жирито. Уживајте во настапот наСара.

Мелина Петковска (8 год. Скопје) – Македонско Девојче | Neki Novi Klinci 07.11.2017

Мелина Петковска од Скопје има само 8 години и е една од најмалите натпреварувачи во шоуто Neki Novi Klinci. Таа ја отпеа “Македонско Девојче” и со 4 гласа се пласираше во баражот но не се пласирше во вториот круг. Погледнете го настапот на малата Мелина