Скопје слави, Вардар е неприкосновен шампион во СЕХА лигата! (четврта титула)

Advertisements

„Вртенката“ на Ончев – најубав гол на мечот со Татран

Вардар ја забележа четвртата победа во серија во СЕХА Лигата, овојпат над Татран Прешов со 32:28, а тренерот Раул Гонзалес им даде шанса и на помладите ракометари во ростерот. Левото крило Тоше Ончев беше одлична замена за Тимур Дибиров во вториот дел, и покажа дека може да се смета на него во иднина. Тој го постигна најубавиот гол на натпреварот со словачкиот првак, „вртенка а ла Дибиров“. Погледнете….

(Видео) Како Вардар го “прегази“ Веспрем

Победата против Веспрем беше најубедливата партија за црвено-црните во новата сезона на сеха-лигата. Меч во кој функционираа сите линии во играта на црвено-црните, не дозволувајќи му на Веспрем да се изнаигра многу. Противникот имаше само едно и единствено водство во почетните минути. Се другото беше во доминација на нашиот ракометен шампион, кој ја покажа својата сила и навести како ќе изгледа тимот оваа сезона. Карачиќ беш наш најдобар стрелец со 8 голови, додека на голот го имавме одличниот Милиќ кој натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Погледнете ги најубавите моменти од овој натпревар:

HC Vardar – HC Telekom Veszprem | Match highlights

Преземено од: http://vardarfans.mk