Чеченци го израдуваа Салах со роденденска торта од 100 кг!

Фудбалерот на Ливерпул и на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, има многу фанови низ целиот свет. Една група навивачи од Чеченија, на египетскиот репрезентативец вчера му приредија изненадување и за роденден му подарија торта тешка дури 100 килограми.