Роберто Карлос изведе реприза на најдобриот слободен удар на сите времиња

Бразилската и светска фудбалска легенда Роберто Карлос на својот Инстаграм профил сподели видео на кое прави реприза на најдобриот слободен удар на сите времиња кое своевремено тој го изведе против Франција во 1997 година.

Во 20. минута од споменатиот натпревар, после фаулот направед над Ромарио, Роберто Карлос го изведе најневеројатниот удар од 35 метри оддалеченост од голот на Фабијан Бартез, кој остана буквално смрзнат од бомбата која ја упати Карлос и начинот на кој се движеше топката.

Advertisements