Бурни реакции за новото шокантно видео на „Рамштајн“

Германскиот хард-рок бенд „Рамштајн“ предизвика бурни реакции со новото видео за синглот „Deutschland“, во кое музичарите се облечени како заробеници во нацистички логор, со јажиња околу нивните вратови. Десетминутното видео вклучува повеќе шокантни сцени од германската историја.

Бендот е познат по контроверзни видеа и стихови, со референци за некрофилија, садо-мазохизам и сексуално насилство, а во 1998 година искористија снимка од нацистичкиот пропаганден филм „Олимпија“ (1936) од Лени Рајфенстал.

Advertisements