Путин и Ѓинпинг правеа палачинки па наздравија со вотка

Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со неговиот колега од Кина, Си Ѓинпинг, ги покажа своите кулинарски вештини. За време на на економскиот форум во Владивосток, двајцата печеа палачинки, а потоа назадравија со вотка.

Advertisements

Вучиќ му подари на Путин шарпланинец

Малиот шарпланинец по име Паша, кого српскиот претседател Александар Вучиќ му го подари на својот руски колега Владимир Путин, заминува за Русија.

Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено, пишуваат српските портали.

Путин го отвори најголемиот Кримски и европски мост возејќи камион

Рускиот претседател, Владимир Путин седна зад воланот на камион марка  ,,Камиз“ и за 16 минути го помина мостот што го поврзува Крим со копното.

Градењето на ова грандиозно здание ја чинеше Руската федерација 300 милијарди рубљи.

Мостот е долг 18 километри и официјално е најдолгиот мост во Европа.

Каков лапсус: Путин никогаш вака не се насмеал

– Германија годишно продава повеќе од три милиони тони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија… – рече министерот Александар Ткачев и предизвика реакција кај Путин.

Индонезија е муслиманска држава, таму не јадат свинско месо, му одговори Путин.

– Јужна Кореја… во што е разликата- одговори Ткачев и продолжи да говори.

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин

Комитетот за истрага што го води случајот за новодното мешање на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД, објави видео каде се „објаснува кој е рускиот претседател Владимир Путин“, а наратор во видеото е познатиот американски актер и режисер Морган Фримен.

– Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), гневен поради пропаста на неговата татковина, подготви начин за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и ги постави за мета своите најголеми непријатели – САД, наведе Фримен.

ВИДЕО: Возачот на Путин загина во страшна сообраќајка

Во страшна сообраќајна несреќа загина возачот на рускиот претседател, Владимир Путин, со 40-годишно искуство.

Веќе се појави и снимка од несреќата, која се случила на Авенијата Кутузовски.

Head on crash kills President Putin’s favourite official driver(VIDEO)

Сообраќајката ја предизвикал Мерцедес кој изгубил контрола и влетал во BMW-то на Путин.

Од силниот удар автомобилот се преполовил а возачот загинал на самото место.

Веста е преземена од libertas.mk