Тамара го промовираше спотот за “Слобода”

Тамара Тодевска дeнес го промовираше спотот за песната  “Слобода”. Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстописец е Игор Џамбазов, а аранжманот е на Дарко Димитров. Спотот е сниман во Музејот на современа уметност во Скопје и во режија на Зоран Зонде Стојановски.

“Слобода” е прва македонска песна од новиот, трет по ред албум кој треба да биде готов до крајот на летото. “Слобода” има и своја англиска верзија “Rise”, а се очекува и српска верзија.

Ѓорѓе Балашевиќ објави нова песна “Хеј, лега”

Еден од најголемите кантавтори на овие простори, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, во соработка со тамбурашкиот ансамбл „Госпон Тамбураши“, објави нова песна „Хеј, лега“

Балашевиќ, емотивниот текст во песната, го посвети на градот кој едноставно го обожува – Осијек.

Музиката, стиховите и аранжманот ги потпишува самиот Балашевиќ, а веќе првите реакции говорат дека и овој пат ја оправдал довербата кај публиката, па Панонскиот морнар продолжува да освојува со стихови и емоции.

Темпера со видео за последниот сингл „Дојди”!

Македонскиот музички бенд „Темпера“ со видео за „Дојди”, повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност.

Ова е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј”.

Ова е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.

Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.

Снимена и продуцирана во Тралала студио.

Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас гитара.

“Девере, Девере” е новата песна на Сузана Спасовска

Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Спасовска ја почести публиката со една весела македонска песна. На песната работеа Слаѓан Станишковски – музика и аранжман, Валентино Мишевски – бас, Виктор Стаменковски – ритам гитара, Александар Гроздановски – кларинет. Текстот е дело на самата Сузана. Песната е снимена во студио “Анастасија” во февруари за новото ЦД кое чека подобро време.

Младиот и талентиран Христијан Настески-Пајак нов ексклузивец на “Урбан Рекордс”

Христијан Настески-Пајак, е талентирано деветнаесет годишно момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, инаку студент во прва година на студии по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шест годишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.

Pajak – Dark Side (OFFICIAL VIDEO)

Музиката и текстот за “Darkside” се на Пајак, битот на Josh Petruicco x Bra!n, микс и мастеринг на Mecka warrior/Iwayo. Видео записот е снимен во напуштена фабрика, за целосна реализација на истиот се погрижи Борче Димоски и неговиот тим од “Digital Box” и покрај малите проблеми со кои се соочиле за време на снимањето поради ситуацијата со коронавирусот, на крај се се завршило како што треба.

Пајак кој со “Hell Boy” и “Mama” се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, за само два месеци достигна над милион прегледи на YouTube со хитот “Hell Boy”.

Пајак карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, заедно со “Урбан Рекордс” работат на многу нови проекти кои ќе ги слушнеме за многу брзо време, надевајќи се дека со секоја песна ќе допрат и ќе остават важна порака на публиката.

Во продолжение, погледнете го новиот спот за “Darkside”, која е веќе на трендинг позиција на YouTube во Србија и Босна, а во топ 3 во Македонија.

Магдалена Ена Цветкоска промовираше нова песна, “Најдоброто”

Пејачка Магдалена Ена Цветкоска во изминатите години позната како текстописец, промовираше своја нова песна. “Најдоброто” излегува после 1 и пол година од последната песна. Автор на текстот и музиката е самата таа а аранжманот е на Лазар Цветкоски.

„Суперхикс“ со спот ја претстави новата песна „Ана“

Групата „Суперхикс“, која минатата година прослави 25 години успешна кариера, со многу настапи и концерти, со исто темпо ја продолжува и оваа година. Деновиве тие со интересна видеоприказна ја претставија својата најнова песна „Ана“, за која музиката ја напишаа: Петар Младеновски, Борис Минов и Дарко Попов, кој е автор и на текстот, а аранжманот е на сите членови на „Банда инструментале“. Песната е снимена во студиото „Тралала“ на Мите Димовски.

Промо: Нов спот на групата “Ван Гог”

Групата “Ван Гог” годината 2019 ја завршува со четвртото видео изработено за песната “Емотивно миниран”, песна која изминатите месеци е на врвот на домашните и регионални топ листи.

Направен е по несекојдневно сценарио за денешно време а по угледот на каубојските филмови за Дивиот Запад, пред се со динамиката, звучните ефекти и автентичните костуми од тоа време.

„Срце отвори“ е новиот сингл на Александра Јанева

Популарната струмичанка и двократна победничка на „Макфест“, Александра Јанева го претстави својот нов сингл насловен „Срце отвори“, кој стигна во комплет со екранизација. Автори на музиката и аранжманот се колегите Иле Спасев и Панче Касапски, а стиховите се на познатиот текстописец Огнен Неделковски, односно истата екипа која застана и зад минатогодишниот хит „Ќе се вратам некој ден“, додека видеото е дело на екипата од продукцијата „Пинестел“, чиј потпис стои и на екранизацијата на ланскиот дует со Наташа Малинкова – „Еуфорија“.

Интересно е тоа што „Срце отвори“ е песна стара две години, но сега ја доживеа својата трансформација и доби сосема нов звук.

Роберт Билбилов ѝ направи хит на младата ѕвезда Мина Блажев

ткако одлично нè претстави на минатогодишната детска Евровизија во Грузија, младата пејачка надеж Мина Блажев неодамна го објави својот нов сингл, овој пат подготвен во студиото на еден од најдобрите музички автори во Македонија и регионот – Роберт Билбилов. Неговиот потпис стои на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, а темата насловена „Веќе нема“ визуелно ја дополни Александар Ристовски Принц.