Прилепскиот Пивофест од 18-21 јули

Од 18 до 21 идниот месец прилеп традиционално ќе биде домаќин на најдобриот и најпосетуван фестивал на пивото и скарата на овие балкански простори.

Првиот ден фестивалот ќе го отворат Прилепски еснаф, потоа двете култните имиња во македонската традиционалната музика Селимова- Желчевски, гостите Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив а вечерта ќе ја затвори еден од најактивните рок бендови и најдобри Галија. Во петокот се Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и бендот Кантурови а последна настап ќе има балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ. Во сабота на што сум особено горд вечерта ќе ја отворат се The Houds, потоа е Влатко Стефаноски Трио, Фрајле и Тамара Тодевска. Последната вечер се The four, Кал бед, гостите од загреб Сања, Маринко и Зец од Нови Фосили и вечерта ќе ја затворат Cyrillic“, истакна Мандичевски.

Алиоски откако не му беше дозволено да остане во ресторан во Прилеп повторно се врати во Прилеп и се приклучи на една хуманитарната акција

Ezgjan Alioski откако не му беше дозволено да остане во ресторан во Прилеп (затоа што зборувал на албански), повторно се врати во Прилеп и се приклучи на една хуманитарната акција за помош на Дејан, а од видеото кое го подготви „ТВ Клан Македонија“ нашиот фудбалер беше топло пречекан од Прилепчани. Алиоски подари и дрес од Лидс за Дејан како гест за стоп на предрасудите и говорот на омраза.

Интересен холограмски спот на прилепчаните High Start за нивната прва авторска песна „Слободен“

Петар Киселоски, Христијан Ристески, Дејан Трајкоски, Александар Силоски и Филип Јездиќ се момците кои го сочинуваат бендот „High start“ од Прилеп. За својата песна „Слободен“ направија и одличен спот, каде за спотот се искористени дрон и 4К резолуција, со употреба на холограм.Времево на дечкиве тек допрва доаѓа. Уживајте во спотот и песната.

Музика и аранжман: High Start

Ауидио:  Александар Шилоски

Видео: Христијан Конески

Актер: Димитар Ѓорѓиевски познат од филмот “Мајки”