Погба се помајтапи самиот со себе за изведувањето на урнебесниот пенал против Евертон

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, уште е во центар на внимание поради начинот на кој го изведе пеналот против Евертон во неделата.

На Погба за изведување на тој пенал му беше потребно повеќе време, отколку на Јусеин Болт да го урне рекордот на 100 метри, па Французинот беше критикуван поради тоа.

Сега реши сам да се пошегува на своја сметка, па сними едно видео на кое го покажува новиот начин на влегување во автомобил.