Tag Archives: On This Day

ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО ЛЕГЕНДИТЕ

Advertisements

Македонија пред 24 години го одигра првиот официјален меч | Словенија 1-4 Македонија, 13.10.1993

Денеска се одбележуваат 24 години од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација кога во Крањ во историски меч ја совладавме Словенија со 4:1.

Првиот гол во дресот на Македонија го постигна Зоран Бошковски-Чоко уште во 5. минута од мечот, а потоа стрелци беа и Дарко Панчев, актуелниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски (од пенал), како и Драган Канатларовски-Цапар.

Во стартниот состав на Македонија беа Горан Јовановски, Бобан Бабунски, Зоран Бошковски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски, Љупчо Марковски, Ванчо Мицевски, Зоран Мицевски, Илија Најдоски и Дарко Панчев. Во играа влегоа и Неџмедин Мемеди и Сашо Милошевски. Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.

На Денешен Ден | Дваесет и две години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Пред 22 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

KIRO GLIGOROV-ATENTAT NA PREDSEDNIKA MAKEDONIJE 3.10.1995

На Денешен Ден | Панчев и Најдовски пред 25 години станаа светски шампиони

Беше тоа на денешен ден (8 декември) пред точно 25 години, кога фудбалерите на Црвена звезда како актуелни европски шампиони се здобија со правото да играаат за светската фудбалска круна. „Црвено-белите“, кои имаа двајца Македонци за столбови во екипата, Панчев како предводник на нападот и големиот борец Најдовски како голем борец во одбраната, против себе го имаа Коло Коло, но чилеанскиот клуб во ниту еден момент не делуваше како достоен ривал за тогашниот југословенски гигант.

Владимир Југовиќ со два гола ја најави победата, а конечните 3-0 ги постави нашиот Дарко Пачев, за тотална еуфорија не само на стадионот во Токио, туку и на целата територија на поранешна Југославија.

Crvena Zvezda 3 – 0 Kolo Kolo / Golovi i dodela pehara

na denesen den pancev i najdovski stanaa svetski sampioni crvena zvezda kolo

ВИДЕО: Турска обожавателка сподели досега НЕВИДЕНА снимка од Тоше!

Навршија девет долги години, откако засекогаш не напушти нашиот македонски славеј, човек со ангелско лице и глас, Тоше Проески. Денес (16.откромври) голем број обожаватели се потсетуваат на пејачот што остави врежана трага меѓу сите нас, како со своите песни, така и со хуманитарните дела по кои беше познат.

Имено, на официјалната фан страница од интернационални обожаватели на Тоше на Фејсбук (Internacionalni Toše Proeski Fan Club Forum) се најде досега невидена снимка, а ја објави турска обожавателка.

Баш онаков каков го знаеме, непосреден, мил, со широко срце, благороден, полн со љубов за секого… Седнат во кафеана, распеан на маса.

извор: http://mkd-news.com

Ne objaveno video od tose

« Older Entries