Ленче Кукиќ од Струмица со сите емоции – “Галебе мој тажен” полн погодок во “Nikad Nije Kasno”

Со македонскиот евергрин “Галебе мој тажен”, Ленче Кукиќ повторно го доби жирито и публиката во балканското тв шоу Nikad Nije Kasno и продолжи понатаму во натпреварувањето

Advertisements

Соња Муличкоска од Прилеп направи вистинско шоу заедно со ќерките во “Nikad Nije Kasno”

Во последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и 57-годишната Соња Муличкоска од Прилеп. Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија. Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила. Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа. Потоа, Соња заедно на сцената запеа и со нејзината ќерка и во дует ја отпеаја песната „Шеќерна“.

Sonja i Antonija Mulickoska – Belo lice ljubam jas – (live) – NNK – EM 23 – 03.03.2019

57-годишната модна креаторка од Прилеп си го исполни својот сон во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и 57-годишната Соња Муличкоска од Прилеп. Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија. Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила. Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа.

Sonja Mulickoska – Ja te pjesmom zovem – (live) – NNK – EM 23 – 03.03.2019

Струмичанката Ленче ги воодушеви Жељко и Јована Јоксимовиќ во „Никогаш не е доцна“

Започна и вториот круг на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, а во првата емисија настапуваше и Ленче Кукиќ од Струмица. Пред жирито и публиката се претстави со песната „Не иди од мене, злато мое“, а со нејзинита интерпретација ги воодушеви присутните во студиото и пред ТВ екраните.

Членови на жирито овој пат освен Саша Милошевиќ Маре, беа и Јована и Жељко Јоксимовиќ кои имаа само пофални зборови. Жељко на почетокот истакна дека е воодушевен од пеењето на Ленче и дека за малку ќе паднел од столица поради нејзиниот глас.

„Секоја чест за интерпретацијата, за бојата на гласот и за техниката со која располагаш, секоја чест“, прокоментира Жељко.

Настапот на Кукиќ погледнете го во видеото подолу.

Ѕидарот Бејхан од Битола ратури во шоуто „Nikad Nije Kasno“

„Сакам да пеам за душа, а не за пари“, рече 45-годишниот ѕидар Бејхан Рамов од Битола, кој се натпреварува во новата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“. Тој ги воодушеви и жирито и публиката со „Данима те чекам“ од, како што вели, „кралот Шабан“.

Иако гласовите на публиката не беа доволни за да продолжи во следниот круг, водителот на емисијата одлучи да се вмеша во оваа одлука и сите натпреварувачи да продолжат понатаму. Уживајте во настапот на Бејхан

Каква моќна интерпретација… Струмичанката Ленче Кукиќ растури во „Никад није касно“

И Ленче Кукиќ во музичкото шоу на Гранд ТВ „Никад није касно“, ќе се натпреварува во третата сезона, откако нејзиниот сопруг Горан победи во првата сезона 2016/2017-та.

Таа го помина првиот круг со моќната интерпретација на македонската народна песна „Катерино моме“, со која ги воодушеви и жирито и публиката.

Untitled.png

60-годишниот Гоце од Гостивар „растури“ во „Никогаш не е доцна“

Неодамна започнаа новите сезони на регионалните музички шоу, а меѓу нив и „Никогаш не е доцна“. Во првата емисија на ова музичко шоу имаше многу кандидати кои успеа да го покажат својот талент, меѓу кои и 60-годишниот Гоце Нестороски од Гостивар. Тој истакна дека долго време се занимава со музика и дека свири на хармоника, а сега одлучи да се претстави и на сцената на Гранд.

Тој настапи со песната „Скитница“ од Маринко Роквиќ, а жирито беше воодушевено од неговата изведба.

Маријана Пешиќ (69 год. Кавадарци) – “Tu Solo Tu” | Nikad Nije Kasno, 16.10.2017

Почетокот на новата сезона на шоуто Nikad Nije Kasno го отвори новинарката и пеачка Маријана Пешиќ од Кавадарци. Во своето претставување таа ни откри дека од мала покажала дека има убав глас. Иако како девојче сакала да биде ракометен голман, Маријана сепак се одлучила да се бави со новинарство но и со музика. Таа ја отпеа “Tu solo tu” го импресионираше жирито и помина понатаму.