Струмичанката Драгана втора во „Некои нови клинци“

Струмичанката Драгана Костова го освои второто место во финалната вечер на детската музичка емисија „Некои нови клинци“, освојувајќи 9.414 гласови, а на првото место се најде Босанката Вања Књежевиќ со 12.671 глас. Во оваа вечер се натпреваруваа 7 момчиња и 7 девојчиња, меѓу кои Драгана беше единствената Македонка.

Во текот на изминатите осум месеци, Драгана важеше за еден од фаворитите и постојано добиваше само пофални зборови од жирито, а за пофалба беше и нејзиниот последен настап во натпреварот.

Advertisements

Кадир Нумановик (13 г. Велес) – “Lapsus” | Neki Novi Klinci 28.11.2017

Кадир Нумановик доаѓа од Велес и има 13 години. Тој настапи во шестата емисија на шоуто “Neki Novi Klinci” со “Lapsus” од Саша Ковачевиќ и доби 6 гласови од жирито, но сепак не се пласираше во вториот круг

Мелина Петковска (8 год. Скопје) – Македонско Девојче | Neki Novi Klinci 07.11.2017

Мелина Петковска од Скопје има само 8 години и е една од најмалите натпреварувачи во шоуто Neki Novi Klinci. Таа ја отпеа “Македонско Девојче” и со 4 гласа се пласираше во баражот но не се пласирше во вториот круг. Погледнете го настапот на малата Мелина

 

Двете Македонки со песни од Каролина го поминаа првиот круг на Neki Novi Klinci

Секој понеделник во 21 часот на Канал 5 телевизија се емитува новата сезона од српското шоу на детски таленти “Neki Novi Klinci”.

Во првата емисија се запознавме со 10-годишната Бојана од Скопје која ја отпеа евровизиската “Мојот свет” на Каролина Гочева. Шест “да” доби Бојана од жирито, а коментарите беа дека она е многу слатка и позитивна, и покрај тоа што пеењето не било најдобро.

Во втората емисија, пак, настапи едно девојче од Македонска Каменица која ја отпеа познатата “Не се враќаш” од нашата дива. И Маринела пееше на македонски јазик и го помина првото скалило од ова шоу, а какви беа коментарите на жирито, дознавате во понеделник на Канал 5.