Шпанците и со реми против Мароко (2-2) стигнаа до дуел со Русија

Шпанија изненадувачки ремизираше против Мароко (2-2), но ќе патува во осминафиналето како првопласирана селекција од групата Б, а за противник ќе го има домаќинот Русија.

„Црвената фурија“ одигра очајно слабо во одбраната, а грешката на Иниеста и на Рамос ја искористи Калид Бутаиб во 14.минута за водство за аутсајдерот. Само пет минути подоцна, Шпанците израмнија со голот на Иско, по асистенцијата на Иниеста. Но, во вториот дел, Јусеф Ел Несири во 81.минута со одличен удар со глава по корнерот од десната страна, донесе ново водство за Мароканците. Во 90.минута, Иаго Аспас сепак ја спаси „црвената фурија“ од пораз, а со тоа дојде и до првото место во групата Б

сп мар

Роналдо испиша историја – Урна рекорд стар повеќе од 60 години (Португалија 1-0 Мароко)

Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо го урна славниот рекорд на Ференц Пушкаш и стана најдобриот европски стрелец во историјата на фудбалот.

По хет-трикот за реми против Шпанија (3:3), ја затресе мрежата и на Мароканците за рекордни 85 погодоци, бројка која ниту еден фудбалер ја нема постигнато носејќи го репрезентативниот дрес. Досега рекордот го држеше Пушкаш со 84 погодоци за Унгарија во периодот од 1945-1954.

Роналдо засега е и прв стрелец на Мундијалот во Русија со четири погодоци. До крајот на кариерата ќе ја напаѓа борјката од 100 погодоци во националниот дрес на Португалија.

Portugal 1 v 0 Morocco – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 19

Untitled