Вејн Руни го постигна првиот хет-трик во Американската MLS лига

Вејн Руни минатата година ја напушти Англија и во моментот игра за D.C. United каде денеска го постигна својот прв хет-трик во MLS лигата.

Advertisements

Руни ли е, Бекам ли е? Голчиште на Руни од 30 метри

Не е подивен само Ибра од ветераниве кои одат да се донаиграат и да дособерат пари во САД. Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед има постигнато 6 гола на последните 5 меча и вкупно 10 за ДС Јунајтед кој има серија од 5 победи по ред. Со Торонто ја реши на маестрален начин во Бекам стил.

Златан повторно на сцена: Нов спектакуларен гол за ЛА Галакси

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа славеа против Ванкувер со 3-0 во МЛС лигата, а повторно на сцена блескаше Златан Ибрахимовиќ со два гола.

Ибрахимовиќ првиот гол го постигна од пенал уште во 4. минута, но вистинското шоу го приреди кон средината на второто полувреме… Со одлична финта исфрли еден противнички фудбалер, а потоа од врвот на казнениот простор „закуца“ во мрежата на Ванкувер…

Ибрахимовиќ го постигна 500-тиот гол во кариерата во негов стил

Ѕвездата на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ синоќа го постигна 500-тиот гол (клуб или репрезентација) во својата кариера на неверојатен начин

Со првите два удари на дебито во САД Ибракадабра направи лудачки пресврт

Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.

Златан Ибрахимовиќ ниту на сон не можеше да посака ваков дебитантски настап во МЛС лигата за неговиот нов клуб Лос Анџелес Галакси за кој потпиша на 23 март.

Вечерва се играше дербито меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФЦ на кое гостите прокоцкаа предност од 0:3 која ја имаа до 48-та минута.

Себастијан Летгет и Крис Понтиус во 61-ва и 73-та минута ги вратија надежите барем за бод на овој натпревар, но кога го имаат Ибра кој им дојде на 36 години ништо не се знае до крај.

Влезе во 71-ва минута и по само 6 минути фудбал на американско тло постигна голчиште за 3:3.