Бразил го разоружа Мексико – Нејмар и дружината итаат кон мундијалско финале

Фудбалската репрезентација на Бразил го совлада Мексико со 2-0 и се пласираше меѓу најдобрите осум на Мундијалот во Русија, каде ќе играат против подобриот од вечерашниот дуел Белгија-Јапонија.

Мексиканците на последните шест мундијали редовно ја минуваа групната фаза, но не успеваа да ја прескокнат првата пречка во нокаут натпреварувањето, црна серија што продолжи и со денешниот пораз

Untitled

Шведска го совлада Мексико со 3-0 и се пласира во осминафиналето

Шведска одигра многу силен меч и го победи Мексико со 3:0. Скандинавците ги постигнаа сите три гола во второто полувреме. Дефанзивецот Аугустинсон го отвори резултатот малку по паузата, капитенот Гранквист зголеми на 2:0 од пенал во 62-та минута, а резултатот беше оформен по автогол на Алварез.

Mexico v Sweden – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 44

Untitled

Вела и Чичарито ја решија Јужна Кореја

Фудбалската репрезентација на Мексико ја оствари втората победа на Мундијалот, совладувајќи ја селекцијата на Јужна Кореја со 2-1. Мексиканците го потврдија епитетот на фаворити и поведоа со голот од пенал на Карлос Вела во 26.минута, а Хавиер Хернандез во вториот дел постигна и втор погодок за „сомбреросите“. Тоа беше 50.гол во репрезентативниот дрес за популарниот Чичарито.

Јужна Кореја многу доцна се разбуди, а најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Хјонг-мин Сон во третата минута од судиското продолжение го постигна почесниот погодок.

Untitled.png

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот (0-1)

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва.

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико.

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол.

Germany v Mexico – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 11

Untitled

 

Му удри шлаканица на новинарот: Ѕвездата на мексиканските серии ги изгуби нервите

На црвениот килим во Лос Анџелес се случи голем скандал кога актерот Едуардо Ханез, ѕвездата на мексиканските сапуници, физички нападна новинар пред сите гости.

Новинарот Пако Фуентес го праша актерот како се чувствува поради фактот што неговиот син покренал јавна кампања со цел да собере пари за поправка на автомобилот, имплицирајќи дека Ханез не сака да му помогне на својот син.

Кога го постави прашањето, Ханез ги изгуби нервите и му удри шлаканица, додека присутните ја набљудуваа сцената во шок.

Актерот е познат по неговиот агресивен карактер, посебно кога се во прашање новинарите.

Reportero agredido por Eduardo Yáñez narra detalles del incidente