Мартија Станојковиќ нè разнежи со емотивната балада „Те сакам“

Пинковата ѕвездичка Мартија Станојковиќ, со својот моќен глас ја воодушеви публиката во целиот регион, а подоцна и во цела Европа, претставувајќи ја Македонија на детската „Евровизија“ во 2016 година. Кумановската тинејџерка потоа нè разигра и со хитот „I Don’t Know Your Name“, а сега, во малку позрело издание, имаме можност да ја слушнеме и со една моќна и емотивна балада.

Advertisements

„I Don’t Know Your Name“ е новата песна на Мартија Станојковиќ

После минатогодишниот евровизиски хит, Мартија Станојковиќ повторно влезе во студио со Александар Масевски, а резултатот од сето тоа е новиот сингл насловен „I Don’t Know Your Name“. Најавена со фотографии од новиот изглед на младата кумановка, песната ветува дека ќе биде хит уште од првото слушање, а наскоро се очекува да добие и свој видео запис.