Tag Archives: Macedonia

Македонија во мрак – видеа од нашата земја го обиколија светот

Големото одбележување на „Часот на планетата Земја“ во Македонија стана хит низ целиот свет! Видео инсерти и фотографии од масовната прослава во Скопје, но и од Охрид ги обиколија светските медиуми, а посебно беше поздравена акцијата со садење на илјадници дрвца низ целата република.

Advertisements

Македонските фудбалери во голферски филм…

Турскиот туристички центар Белек е неверојатен, нуди фантастични услови за престој и тренинзи, па фудбалерите во комплексот „Глорија Спортс центар“ се и во голферски филм. Со колички за голф доаѓаат на тренинг, до терените кои се оддалечени на околу пет минути одење.

 

#teamspirit #Македонија

A post shared by ФудбалскаФедерација-Македонија (@ffmacedonia) on

Детски хор во Словенија ја пее „Што имала к’смет Стамена“

Македонската песна надалеку се слуша и нашите изворни песни инспирирале бројни музичари од други земји, кои со задоволство ги препејувале безвременските мелодии. Еден пример за тоа е и словенечкиот бенд „Етнотрип“, кој на својот прв албум смести неколку македонски песни, меѓу кои и „Што имала к’смет Стамена“. Токму нивниот аранжман на оваа песна им се допаднал на учениците и наставничката по музичко во основно училиште во словенечкото гратче Церкно.

„Убаво е кога нашата музика инспирира негоко, особено ако станува збор за млади! Вања Лампич со својот младински хор и бендот од основното училиште во Церкно го изведе нашиот аранжман на песната ’Што имала к’смет Стамена’. Ние сме воодушевени, а вие?“, напишаа членовите на групата споделувајќи го видеото од изведбата на дечињата, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

Мила од Македонски Брод ги освои Русите со македонска песна

Пеењето на 11-годишната Мила Пеовска од Македонски Брод многумина го нарекуваат „совршено“. Ова девојче пее македонски народни песни со огромна емоција, а луѓето што ја слушаат велат дека ги остава без здив.

На интернет неодамна се појави снимка од пред три години од Интернационалниот етно-фестивал во Воронеж, Русија. На снимката Мила има само 8 години и ја пее „Ој Јано, Јано“.

« Older Entries