Чао за шампионот, Германците изгубија од Јужна Кореја со 2-0

Светскиот шампион е на колена, се враќа дома по првата фаза од Мундијалот. Ниту Германците веќе не победуваат секогаш во фудбалот, ова е ново време. Селекцијата на Јоаким Лев се извлече со триумф во 95.минута и погодок на Тони Крос против Шведска во второто коло, но денеска загуби од Јужна Кореја (0-2).

Со тоа „панцирите“ ги пакуваат куферите и си заминуваат дома. Ким Јонг – Гвон и Хјонг Мин Сон ја казнија во финишот слабата реализација на Германците, промашените шанси на Брант, Гомез, Милер, Хумелс, и останатите избраници на Јоаким Лев, па светскиот првак завршува како последнопласирана селекција во групата.

Untitled

Advertisements

Вела и Чичарито ја решија Јужна Кореја

Фудбалската репрезентација на Мексико ја оствари втората победа на Мундијалот, совладувајќи ја селекцијата на Јужна Кореја со 2-1. Мексиканците го потврдија епитетот на фаворити и поведоа со голот од пенал на Карлос Вела во 26.минута, а Хавиер Хернандез во вториот дел постигна и втор погодок за „сомбреросите“. Тоа беше 50.гол во репрезентативниот дрес за популарниот Чичарито.

Јужна Кореја многу доцна се разбуди, а најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Хјонг-мин Сон во третата минута од судиското продолжение го постигна почесниот погодок.

Untitled.png

Шведска со ВАР-пенал до победа над Јужна Кореја од 1-0

Шведска тргна триумфално на мундијалот во Русија откако скандинавската селекција по многу битка успеа да слави со минимални 1-0 на дуелот против Јужна Кореја. Во свој стил, со цврста игра во одбраната и мал број на шанси во нападот Швеѓаните сепак успеаја да стигнат до цел плен, благодарение на голот од пенал што го постигна Гранквист.

Sweden v Korea Republic – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 12

Untitled