Во хеликоптерска несреќа загина славниот НБА кошаркар Коби Брајант

Неофицијално, Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа, близу Калабасас, Калифорнија. Според американските медиуми, Брајант бил дел од екипаж со пет луѓе во хеликоптер недела наутро, близу Калабасас, во сојузната држава Калифорнија.

Никој од петмината не ја преживеал несреќата, но наводно неговата сопруга Ванеса не била дел од екипажот. Коби брајант имаше 41 година, беше татко на четири ќерки, Џана, Наталија, Бјанка и новородената Капри.

20 сезони играше за Лос Анџелес Лејкерс, почнувајќи од 1996та, пет пати стана шампион на НБА-лигата, двапати беше МВП на финалето, а во 2008 беше мвп на регуларната сезона. Со 33.643 поени во кариерата беше трет стрелец на сите времиња, но токму синоќа Леброн Џејмс го надмина за 12 оставајќи го на четвртата позиција.