Џеј Ло со екстравагантно видео за новиот сингл „Medicine“

Џенифер Лопез деновиве го објави нејзиниот нов сингл насловен „Medicine“, кој мошне наликува на нејзините претходни хитови „Get Right“ и „Do It Well“, а сето тоа сега е дополнето и со екстравагантно видео каде што мултиталентираната пејачка, актерка и танчерка ги покажува сите таленти, како што е и вртењето на шипка.

За овој нов сингл, 49-годишната латино-дива уште еднаш ги здружи силите со колегата Френч Монтана, со кого претходно соработуваше за хитот „I Luh Ya Papi“ и за „Same Girl“, а продукцијата е на норвешкото продуцентско дуо „Старгејт“.

Advertisements