Почина Кит Флинт, вокалистот на „Продиџи“

Вокалистот на познатиот британски бенд „Продиџи“, Кит Флинт е пронајден мртов во неговиот дом во Есекс, пренесуваат британските медиуми. Веста за смртта на 49-годишниот музичар ја потврдија и од бендот.

„Со огромна тага ви ја потврдуваме смртта на нашиот брат и најдобар пријател Кит Флинт. Вистински пионер, иноватор и легенда. Засекогаш ќе ни недостасува“, пишува во соопштението од групата.

Со неговиот панк-стил, бројни пирсови и шилеста коса, Флинт стана еден од најиконичните британски музички фигури во деведесеттите. Тој им се придружи на „Продиџи“ како танчер, а подоцна стана и фронтмен заедно со раперот Максим. Покрај првенчето од 1992 година, сите седум албуми на групата го освоија првото место во Велика Британија, вклучувајќи го и последниот „No Tourists“, објавен во ноември 2018.

Флинт ги отпеа најпознатите синглови на „Продиџи“ – „Firestarter“ и „Breathe“ – кои се искачија на 1. место во 1996, а првата стана и најголемиот хит во САД, воедно придонесувајќи за популаризација на денс-музиката во земјата.

Advertisements

Почина американскиот актер Лук Пери (Дилан од Беверли Хилс)

Американскиот актер Лук Пери почина денеска на 52-годшина возраст.

Беше најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“.

Пери беше хоспитализиран пред три денови поради мозочен удар

ПОЧИНА АРЕТА ФРЕНКЛИН, ЛЕГЕНДАРНАТА КРАЛИЦА НА СОУЛ МУЗИКАТА

Арета Френклин, кралицата на соул музиката која стана првата жена што влезе во Рокенрол холот на славните, почина во Детроит на 76 години. Легендарната пејачка во 2010 беше дијагностицирна со рак и лани објави дека се пензионира од музиката.

Позната по хитови како „Почит“ и „Размисли“, таа имаше на 20 американски број еден хитови во кариерата што траеше седум децении. Последен пат настапи минатиот ноември, на гала во Њујорк што се одржа во знак на поддршка на фондацијата за СИДА на Елтон Џон.

Top 10 Aretha Franklin Songs (RIP)

Почина шведскиот диџеј Авичи | Најголемите хитови на Авичи во едно видео

Тим Берглинг, или Авичи првиот интернационален успех го забележа во 2011 година со прогресив-хаус темата „Levels“, која се најде на 1. место во Шведска и на Билбордовата листа за денс-синглови, а му ја донесе и првата номинација за Греми. Авичи почина на 20 април во Мускат (главниот град на Султанатот Оман), на возраст од само 28 години, соопштија од неговиот тим.

За своите здравствени проблеми Авичи зборуваше јавно неколку години пред смртта. Имено, тој страдал од акутен панкреатитис, односно воспаление на панкреасот, за што најмногу придонело претераното пиење алкохол. Во 2014 година, тој откажал бројни настапи со цел да закрепне од оперативниот зафат за отстранување на слепото црево и жолчката, за во март 2016 да одлучи сосема да се пензионира од турнеите.

AVICII – LAST TRIBUTE

IN MEMORIAM | Почина виртуозот на шишиња Зоран Маџиров

Виртуозот кој правеше музика од шишиња, познатиот музичар Зоран Маџиров почина денес на 49-годишна возраст.

Маџиров беше тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи лани на патот Струмица – Штип кај „Краварникот”.

„Ботл мен“, како што е познат во јавноста, студираше музика во Германија а во Европа настапуваше и со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализирал два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.

Роден е 14 јануари во Струмица.