„Шошана“ стана турбо-фолк химна на Вардар

Познатата мелодија од песната „Шошана” која навивачите на црвено-црните долго време ја користат за една од своите навивачки песни, сега ја преработи и фолк пејачот од Крива Паланка, Влатко Алексовски.

Advertisements

Плоштадот е полн, се чека пристигнувањето на ракометарите на Вардар

Нема игла каде се фрли на плоштадот „Македонија” во Скопје, илјадници граѓани во центарот на градот чекаат да пристигнат Вардарци и хероите од Келн.

ДВЕ ВОЗИЛА ИСКРШЕНИ, ПЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ – ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА ПОБЕДАТА НА „ВАРДАР“

Повредени и приведени. Искршени автомобили и говор на омраза. Ова е полицискиот билтен по вчерашната прослава на плоштадот по победата на Вардар.

Во полициска станица завршиле пет малолетници и едно возрасно лице. Дел од нив демолирале автомобили во центарот на градот, од кои еден бил на полицијата. Во инцидентите, се повредил осумнаесетгодишник, а со изгореници од пиротехника, завршила и една малолетничка.

Освен девијантното однесување, на површина излезе и говорот на омраза особено по етничка основа.

Гледајте го во живо натпреварот Вардар – Веспрем (ЛИНК)

Финалето на Ф4 турнирот во Келн почнува од 18 часот, а екипата на Вардар во него ќе се бори за победа против составот на Веспрем за трофејот.

После вчерашната победа над Барселона вардарци сакаат уште еден триумф за уште поуспешен викенд во Келн. Им претсојат можеби најтешките 60 минути, но јасно е дека денеска на вакви средби се раѓаат шампионите.

За разлика од вчера денеска натпреварот ќе биде пренесуван на првиот канал на АренаСпорт, а доколку овој канал го немате кај своите оператори еве видео тука

Вардарки потонаа во тага, историјата се повтори во финалето во Будимпешта

Како и минатата година, вардарки имаа напад за победа во регуларниот тек и пак беа брзоплети и не упатија удар кон унгарскиот гол. Во продолженијата од финалето на Лигата на шампионите беа надиграни од Ѓер, а кога им се укажа шанса за реми и седмерци, Киш се испречи и одбрани зицер. Тагата загосподари меѓу ракометарките на Дибирова и потиштени низ солзи и болни гримаси ја напуштија „Ласло Пап Арена“ за да се подготват за церемонијата на прогласување на најдобрите

ЕКСКЛУЗИВНО!!! Запросување на натпреварот Вардар – Кил

Честитки за Владимир и Ирена ❤️
На реванш четвртфиналето меѓу Вардар и Кил, Владимир ја побара Ирена за сопруга…. и Ирена 100% се согласи 😍
Им посакуваме многу среќа и успех

vla

„Ја излези Ѓурго“ грми во Јане Сандански

„Ја излези Ѓурго“ грми во Јане Сандански
Стефан од Next Time заедно со навивачите ја испеа акапела изворната „Ја излези Ѓурго“ на само неколку минути пред почетокот на мечот со Кил

Врие во Јане Сандански: Ракометарите на Кил ги очекува вистински пекол во Скопје

Со почеток од 17 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одигра реванш мечот меѓу актуелниот европски ракометен шампион Вардар и германскиот гигант Кил. Победата од 28-29 во Германија ги прави вардарци благи фаворити денеска, а црвено-црните ќе имаат и силна поддршка од домашната публика која е позната како една од најгласните во Европа.

(ВИДЕО) Шампионски пречек за Лука Циндриќ, во неговиот роден град

Играчот кој донесе финале во лигата на шампионите со гол во последните секунди, Лука Циндриќ имаше шампионски пречек во неговиот роден град, Огулин, каде ги има направено своите први чекори. Неколку илјади луѓе излегоа во на улиците во вој град да го поздрават нивниот европски шампион. Лука од се срце им се заблагодари за овој неверојатен пречек, кој ќе го памети цел живот. На самото обраќање пред собраниот народ, Лука рече: Полесно е да се игра ракомет, отколку тука да се зборува пред вас.

Ечи Комитска песна на улиците на Верија-Грција

Пионерите на ракометниот клуб Вардар низ улиците на Верија-Грција пеат песни од навивачката група Комити Запад. Инаку тие се дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот се игра во Верија на 70 км од Солун во Грција

ВИДЕО: Цепелин Карачиќ-Душебаев! Вардар со атракции против европскиот првак Киелце

Вардар со доминантен ракомет на домашен терен против европскиот првак Киелце покажа дека не случајно е еден од главните фаворити за фајнал-фор турнирот во Келн. Ракометарите на Раул Гонзалез одиграа фантастично второ полувреме, кое беше најавено со атракција и цепелин од Лука Циндриќ за Алекс Душебаев.

https://vid.me/PyTm

video cepelin karacik dusebaev

(Видео) Како Вардар го “прегази“ Веспрем

Победата против Веспрем беше најубедливата партија за црвено-црните во новата сезона на сеха-лигата. Меч во кој функционираа сите линии во играта на црвено-црните, не дозволувајќи му на Веспрем да се изнаигра многу. Противникот имаше само едно и единствено водство во почетните минути. Се другото беше во доминација на нашиот ракометен шампион, кој ја покажа својата сила и навести како ќе изгледа тимот оваа сезона. Карачиќ беш наш најдобар стрелец со 8 голови, додека на голот го имавме одличниот Милиќ кој натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Погледнете ги најубавите моменти од овој натпревар:

HC Vardar – HC Telekom Veszprem | Match highlights

Преземено од: http://vardarfans.mk