„Ај Кју“ со преработка: Народната „Јано Мори“ во модерна верзија

По неколкуте синглови со кои „Ај Кју’ смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.

Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

На трансформирањето на еден ваков мелос во модерен и современ звук, тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.

На оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија кој со својата мекост и ненаметливост ѝ дава свежина на целата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко, кој одлично ја отсликува и визуелизира целата атмосфера на филмот кој го ткаат Бојан и Марија.

Подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.

Advertisements

„Dancin’“ е новиот хит на „Ај кју“

Популарната македонска група „Ај кју“ штотуку го објави својот нов сингл насловен „Dancin’“, со кој продолжува да ја освојува светската сцена, особено откако ги освои срцата на европската публика со минатогодишниот евровизиски хит „Lost And Found“. Станува збор за уште една денс-нумера и комплетно авторско дело на Бојан Трајковски кое се лепи за уво уште при првото слушање, а сето тоа е дополнето и со разиграно, шарено видео со потписот на Џејмс Галант.

Марија од Ај Кју сними песна со пеачка од Карибите

Летен хит со карипски шмек – вака може да се опише деби-синглот на младата пејачка Татјана, во кој гостуваат нашите годинашни евровизиски претставници „Ај кју“.

Талентираната русокоса, која доаѓа токму од егзотичните Кариби, заедно со Марија Ивановска во дует ја отпеа песната „On My Mind“, а сето тоа го екранизираше режисерот Јован Куциновски покрај идиличното Охридско езеро.

Родена на остров на Карибите, откако го пропатува светот, Татјана сега е во Македонија, каде што го живее својот живот со музика и уметност. Со првиот сингл, таа го комбинира своето карипско потекло со новите европски импресии“, пишува на официјалната веб-страница на младата пејачка, а како звучи ова одлично првенче со поддршка од нашите „Ај кју“ дознајте во продолжение. Уживајте!

Tatjana Feat. Maria Ivanovska – On My Mind

„Ај Кју“ вечерва настапи во првата полуфинална вечер на Евровизија | Погледнете го настапот

Македонските претставници на Евровизија, групата „Ај Кју“ вечерва настапи во првата полуфинална вечер. За да се пласирааат во финалето треба вечерва да освојат едно од првите десет места од 19 учесници.

Нашите евровизиски претставници, Ај Кју се ѕвезди во Мадрид | Распеани обожаватели ја пеат „Lost And Found“ во Мадрид

Преработка на евровизиската „Lost And Found“ на „Ај кју“ – како би звучела машка верзија

Слушнете ја машката верзија на песната, каде што задржани се оригиналната музика и продукција, но вокалниот дел е отпеан од момче. Не е познато за кого станува збор, но судејќи по името на самиот канал, овој евровизиски љубител ги заменува оригиналните вокали со спротивниот пол, односно од женските прави машки верзии, а како звучи нашата „Lost And Found“ отпеана од машки вокал слушнете во продолжение. Уживајте!

Eye Cue со “Lost And Found” ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2018

Македонската радио – телевизија вечерва ја промовираше песната со која групата Ај Кју ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал на 8-ми мај во Португалија

Eye Cue – Lost And Found – F.Y.R. Macedonia – Official Music Video – Eurovision 2018

Промоција | „Ај кју“ со нов сингл и видео за „Колку добро те знам“

Една од најактивните групи во Македонија продолжува да нè чести со нови музички задоволства, а последно во низата е темата насловена „Колку добро те знам“, која денеска беше претставена заедно со видео запис.

Станува збор за уште едно авторско дело на Бојан Трајковски, кој ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот го направи заедно со Дарко Димитров. Песната е снимена во студијата „Мјузик хаус“ и „Димитрови“, а визуализацијата е дело на екипата на „Горила филмс“, под режисерската палка на Јован Куциновски.