водителот Иван Ивановиќ…СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ И ДАДЕ НИТУ ЕДЕН ПОЕН НА СРБИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА, ТОА ПОКАЖУВА ДЕКА СМЕ ВО МНОГУ ЛОШИ ОДНОСИ СО АЛБАНЦИТЕ…

Advertisements

Што велат Американците за Тамара и „Proud“?

„Евровизија“ полека станува сè попопуларна и во САД, а доказ за тоа е и американската верзија на фестивалот што веројатно ќе започне веќе во 2021 година, како и фактот дека голем број од евровизиските новинари се токму Американци. Европскиот фестивал изминативе години беше тема и на канали што снимаат реакции на луѓе од различни возрасти, а сега на ред дојде и годинашното 64. издание што се одржуваше минатата недела во Тел Авив.

Имено, на учесниците, меѓу кои и еден Македонец (Ненад), им беа покажани десетте највисоко пласирани песни и тие требаше да погодат на кое место завршиле. Додека го гледаа настапот на нашата Тамара, коментарите беа претежно позитивни, особено за нејзиниот моќен вокал, а една девојка рече дека ја потсетува на Дизниева песна, па како изгледаше сето тоа дознајте во продолжение.

Тамара ГОРДО запиша нов рекорд со осмо место на „Евровизија 2019“

Не само што ја скрши „клетвата“ на шестгодишното отсуство од главната битка, Тамара Тодевска и официјално забележа нов рекорд во нашата евровизиска историја и го освои осмото место во финалето на „Евровизија 2019“! Особено возбудлив беше првиот дел од резултатите, кога песната „Proud“ се покажа како еден од најголемите фаворити на жиријата, од кои добивме и рекорден број десетки и дванаесетки, односно со вкупно 237 поени беше втора зад шведската песна „Too Late For Love“, која имаше само два поена повеќе – 239, додека холандската „Arcade“ беше трета со 231 поен.

Откако беа соопштени резултатите од жиријата, на ред беа поените од телефонското гласање. За жал, публиката имала други фаворити, па од гледачите ни беа доделени само 58 поени и со вкупно 295 поени завршивме на 8. место.

Тамара се пласираше во финалето на Евровизија 2019

Тамара Тодевска ја претстави нашата земја настапувајќи 17-та на втората полуфинална вечер на овогодинешното издание на фестивалот Евровизија.

Таа ја отпеа песната „Proud“ беспрекорно, со широка насмевка и многу емоции, за што доби бурни овации од публиката и пласман во финалето.

На сцената стоеше сама, во зелена тоалета креирана од македонскиот дизајнер Ношпал.

Освен Македонија од втората полуфинална вечер во финалето се пласираа и Албанија, Швајцарија, Данска, Шведска, Малта, Русија, Норвешка, Холандија и Азербејџан.

Tamara Todevksa – Proud – North Macedonia – LIVE – Second Semi-Final – Eurovision 2019

Роберт Билбилов направи ремикс на евровизиската „Proud“

Евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе ги брани боите на нашата земја на „Евровизија 2019“, штотуку си доби уште еден ремикс, овој пат од еден од авторите на оригиналот – Роберт Билбилов. Долгогодишниот соработник на Тамара, кој заедно со колегите Дарко Димитров и Лазар Цветкоски се потпиша на музиката и аранжманот на „Proud“, емотивната балада ја „преточи“ во ново руво, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

Tamara Todevska – Proud – Robert Bilbilov Remix

Српскиот диџеј Грамофонџие со ремикс на евровизиската „Proud“ на Тамара

Евровизиската песна „Proud“, со која Тамара Тодевска ќе нè претставува на претстојното 64. издание на „Евровизија“ во Тел Авив, штотуку си доби и ремикс-верзија, и тоа од познатиот српски диџеј и продуцент Марко Миличевиќ – Грамофонџие. 

Tamara Todevska – Proud (Gramophonedzie Remix)

Промовирана песната со која Тамара ќе настапи на Евровизија

Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.

Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана.

Музичкото видео вклучува и појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат.

„Горда“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

Невена Божовиќ ќе ја претставува Србија на „Евровизија 2019“ со „Круна“

Со темата „Круна“, младата српска пејачка Невена Божовиќ вчера триуфираше на финалето на годинашниот фестивал „Беовизија“, освојувајќи го и билетот за Тел Авив, каде што на 14 мај ќе ја претставува Србија. Божовиќ се потпишува и како авторка на музиката и стиховите, а аранжер и продуцент е нашиот Дарко Димитров, кој втора година со ред е дел од авторскиот тим на Македонија и на Србија.