БЕВМЕ НАЈДОБРИТЕ, ТРЕБАШЕ НИЕ ДА ПОБЕДИМЕ… никогаш повеќе нема да учествувам во…

(Видео) Го покажа задникот на Евровизија

На паузата меѓу собирањето гласови на Евровизија имаше музички перформанс кој еден Австралијанец го злоупотреби за себе промоција. Додека пееше пејачката, се качи на бина и го покажазадникот.

Откако претходно откри дека е бремена, Јана кажа „ДА“ на нејзиниот дечко

Откако пред нејзиниот настап со видео-претставувањето Јана Бурческа, македонската претставничка на Евровизија, објави дека е бремена, по завршувањето на натпреварувачкиот дел и додека се чекаа резултатите од гласањето, нејзиниот дечко Александар ја побара за жена.

Jana Burčeska gets engaged!

Наташа Малинкова со кавер-верзија на фаворитската песна (Francesco Gabbani – Occidentali’s Karma) за победа на Евросонг

По одличната преработка на нашата евровизиска песна на Јана Бурческа, Наташа Малинкова подготви уште една кавер-верзија на најголемиот фаворит за победа на годинешната Евровизија, Франческо Габани и неговата „Occidentali’s Karma“.

За кавер-песната Малинкова има и видеозапис снимен на охридското пристаниште, а според првите коментари, оваа одлична преработка звучи и подобра од оригиналната.

Јана блесна и рапуваше на најдолгиот евровизиски црвен килим

Во украинската престолнина вчера и официјално беше отворено годинешното, 62. по ред издание на „Евровизија“, а во рамките на свечената церемонија делегациите на сите 42 земји учеснички прошетаа по најдолгиот евровизиски црвен килим досега, кој беше распослан во должина од 265 метри. Околу него се собраа бројни медиуми и обожаватели на фестивалот, кои сакаа одблизу да ги видат и запознаат годинешните фаворити.

Новинарите што го следеа настанот се погрижиле да дознаат нешто повеќе за Јана, па некои од нив откриле дека пејачката умее и да рапува, а таа без двоумење го докажа тоа.

ВИДЕО: Јана Бурческа ја заврши и втората проба, спремна е за Евровизија

Македонската претставничка на изборот на песна на Евровизија денеска ја одржа нејзината втора проба на Евровизиската сцена во Киев.

Јана Бурческа е спремна за нејзиниот настап на втората полуфинална вечер, која што ќе се одржи на 11. мај.

Нашата претставничка ќе настапува трета, а судејќи по објавеното видео од денешната проба таа е спремна за борба во Евровизиското финале.

Погледнете ја првата проба на Јана во Киев

На официјалниот евровизиски канал на Јутјуб се објавени куси видеа од овие проби, а од четириесетината секунди од пробата на Јана конечно можеме да видиме како ќе изгледа и звучи „Dance Alone“ на сцената во Киев – таа танцува сама, а на големите екрани зад неа се прикажуваат инсерти од самиот видео запис.

Горан Наневски со одлична преработка на евровизиската „Dance Alone“

Песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа за само неколку дена ќе ја претставува нашата земја на годинешното издание на „Евровизија“, стана инстант хит уште од самото објавување во март, па бројни познати и помалку познати музички таленти направија и свои верзии, објавувајќи ги на своите канали на Јутјуб.

Еден од нив е и Горан Наневски, млад велешанец што студира на филолошкиот факултет во Скопје, кој очигледно одлично се снаоѓа и во музичките води

Наташа Малинкова ја преработи евровизиската песна на Јана

Песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа ќе ги брани боите на нашата земја на претстојното, 62. по ред издание на „Евровизија“, стана инстант хит за евровизиските фанови, а што е уште поважно, одлично е прифатена и од домашната публика, но и од колегите на Јана.

Сепак, се чини дека песната најмногу ѝ се допаднала на Наташа Малинкова, која одлучи да направи одлична акустична преработка. Во придружба на Столе Аврамов на гитара, пејачката ѝ даде една поинаква димензија на евровизискиот хит, а еве како звучи сето тоа.

Јана Бурческа – Dance Alone (Македонија) | Eurovision 2017

Вечерва на првиот канал на Македонската телевизија беше промовирана македонската песна за Евровизија 2017. Јана Бурческа и “Dance alone” се адутите кои ги одбра МТВ да ги бранат боите на Македонија.

Во продолжение први слушнете ја нашата евровизиска песна :

Jana Burčeska – Dance Alone (F.Y.R. Macedonia) Eurovision 2017 – Official Music Video