Дуа Липа има уште еден потенцијален хит со корејската сензација „Блекпинк“

„Kiss And Make Up“ е насловот на штотуку објавениот нов сингл на Дуа Липа, за кој популарната пејачка со косовско потекло соработуваше со корејските поп-кралици „Блекпинк“. Двојазичниот сингл излезе како најава за реизданието на деби-албумот на Липа, кој е дополнет со уште неколку нови песни, вклучувајќи го мегахитот „One Kiss“ со Келвин Харис и „Electricity“ со „Силк сити“.

Новата песна наскоро ќе добие и свое официјално видео, а додека ја очекуваме неговата премиера, слушнете како звучи оваа интересна англиско-корејска тема. Уживајте!

Дуа Липа ги покажува своите танцувачи способности во новото видео „Electricity“

Иако сè уште е актуелна со мегахитот „One Kiss“, соработка со шкотскиот колега Келвин Харис, Дуа Липа продолжува со походот за освојување на топ-листите и со нови песни. Имено, таа деновиве ја објави темата насловена „Electricity“, снимена во соработка со „Силк сити“, односно со продуцентите Дипло и Марк Ронсон, која воедно е најавен сингл за реизданието на нејзиниот деби-албум „Dua Lipa“, закажан за 19 октомври.

Дуа Липа шоу | Со холограмски шорц на Лига шампиони!

22 годишната пејачка Дуа Липа ја имаше честа викендов да настапи на најгледаното спортско случување, Лигата на шампионите кое се одржа во Украина. Пејачката на сцената се појави облечена во холограмски шорц и бела блуза со деколте, од тул и проѕирни ракави. Толку едноставна што дури на нозете носеше бели патики за да може слободно да се движи во текот на целиот настап.

DUA LIPA’s full performance at the 2018 UEFA Champions League Final opening ceremony!

 

Келвин Харис и Дуа Липа го екранизираа заедничкиот сингл „One Kiss“

Одличната соработка на шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис со една од најголемите нови ѕвезди во моментов, Дуа Липа, конечно доби своја екранизација. Слично како и минатогодишните хитови на Харис, така и „One Kiss“ е визуализирана во ретро-стил и опуштена атмосфера, соодветна за претстојните летни денови.

Тасев со одличен ремикс на „New Rules“ од Дуа Липа

Штипскиот диџеј и продуцент Тасев, кој е актуелен и со одличната соработка со колегите Манев и Анастасија за темата „Without You“, деновиве го објави своето најново музичко парче. Станува збор за ремикс на хитот „New Rules“ од британската ѕвезда со косовско потекло, Дуа Липа, а сето тоа спакувано со интересно видео можете да го слушнете и видите во продолжение. Уживајте!