Трамп сака да го купи Гренланд, данските политичари му порачаа дека полудел

Данска доживеа болна елиминација на пенали во осминафиналето на Светското првенство од Хрватска

анска доживеа болна елиминација на пенали во осминафиналето на Светското првенство во Русија. Хрватите беа за нијанса посреќни, а на Данска не и помогнаа ниту трите одбранети пенали на извонредниот чувар на мрежата Каспер Шмајхел. Тој ја спаси својата селекција од пораз во продолженијата, кога му одбрани пенал на Лука Модриќ, а потоа и во пенал – рулетот скроти уште два удари на противничките фудбалери. Но, и тоа не беше доволно за Данска да мине во четвртфиналето.

Untitled.png

Смешно реми и анти-фудбал: Франција и Данска си завршија работа

Франција и Данска со реми од 0-0 во меѓусебната пресметка рутински си ја одработеа задачата во третото коло, обезбедувајќи си го пласманот во осминафиналето од мундијалот. Нерешениот исход им одговараше и на двете селекции, „триколорите“ за да се задржат на првото место во групата, а Данска за да биде сигурно втора, па токму поради тоа и едните и другите многу повеќе размислуваа на сочувување на сопствената мрежа, отколку на напади кон противничкиот гол.

Denmark v France – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 37

Untitled

СП 2018: Данска и Австралија ремизираа во Самара

Данска и Австралија одиграа со 1-1 во својот натпревар во вториот круг од групната фаза на Светското првенство во 2018.

Дуелот во Самара понуди убав фудбал, во кој првото полувреме беше изедначено, а второто помина под диктатот на „кенгурите“ на Берт ван Марвијк.

Кристијан Ериксен го отвори резултатот со многу убав гол во осмата минута, додека Миле Једињак израмни од пенал во 37-та минута.

Denmark v Australia – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 22

Untitled

Репрезентацијата на Перу незаслужено го загуби својот премиерен меч на овој мундијал, со минимални 0-1 против Данска

Репрезентацијата на Перу апсолутно незаслужено го загуби својот премиерен меч на овој мундијал, со минимални 0-1 против Данска во натпревар во кој јужноамериканската репрезентација целосно доминираше, промаши пенал и уште пет-шест шанси, но се беше попусто кога не успеа да го совлада одличниот Каспер Шмајхел.

 

Untitled

„Луда“ случка во Данска: Ветер му ја врати топката на голманот од половина терен, судијата досуди индирект

Погледнете ја оваа неверојатна случка на дуелот од данското првенство меѓу Сондерјиске и Митјиланд кога гостинскиот голман силно ја шутна топката од сопствениот шеснаесетник, за таа да му се врати… поради силниот ветер.

Insanely windy conditions cause a bizarre incident in the Danish Superliga

insanely windy conditions cause a bizarre incident in the danish superliga

veter mu ja vrati topkata na golmanot

„Аква“ (Aqua ) слави 20 години од објавувањето на „Barbie Girl“

Можете ли да верувате дека поминаа речиси 20 години откако данската група „Аква“ нè развесели со синглот „Barbie Girl“? Ако не сте биле ни родени во тоа време, знајте дека тогаш баш секој ги знаеше стиховите на таа песна, без оглед дали им се допаѓала или ги нервирала.

Во далечната 1997 година, песната се најде на првото место во Велика Британија и на седмото во САД, а албумот „Aquarium“ беше продаден во 14 милиони примероци ширум светот. Следниот албум „Аquarius“ не доживеа толкав успех, па се најде на, и понатаму високото, седмо место во Велика Британија.

Бендот се распадна во 2001 година, но повторно се обедини во 2008, а следната година ја објавија компилацијата „Greatest Hits“. Но, тоа не е сè! Во 2011 година излезе и нивниот трет студиски албум „Megalomaniac“, кој беше вистински хит во Данска.

Токму Данците најмногу ќе се радуваат на веста дека следната година „Аква“ планира голема турнеја низ родната земја, во чии рамки ќе го прослави 20. роденден на својот најпознат хит „Barbie Girl“.

Повеќе на http://www.radiomk.com

Akva slavi 20 godini