Cyrillic ја спакуваа „Твоите очи Лено мори“ во модерен дип-хаус звук

Едни од најатрактивните имиња на електронската сцена во Македонија кои се појавиле последниве неколку години, дефинитивно се момците од Cyrillic, Андреј и Бојан. Од ден на ден нивната публика во нашата земја, но и надвор од неа е сè повеќе бројна, а тоа го мотивира ова електронско дуо да создава и во иднина нова и квалитетна музика.

По тој повод, „Севда“ е нивното најново остварување, а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твојте очи Лено мори“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси. За овој сингл момците од Cyrillic соработуваа со пејачката Наташа Малинкова, која маестрално ги испеа вокалите.

За новиот сингл има и видеоспот во режија на Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во спотот е преубавата Марија Давчевска.

„Сирилик“ со неверојатен ремикс на евровизиската „Proud“

Секогаш е интересно да се слушне како музичарите ги преработуваат и им го менуваат „ликот“ на песните од своите колеги, преместувајќи ги во сосема нов жанр и давајќи им свој печат, а токму тоа го направи прилепското дуо „Сирилик“ со евровизиската балада Proud“ на Тамара Тодевска.

Талентираните музичари сè повеќе се активни и со авторска музика и хитови како што се „Во тебе се гледам“со Дина Јашари и актуелниот „Доволни“ со Валери, но одлично се снаоѓаат и со ремиксите, а овој најновиов само дополнително ќе ја зголеми армијата следбеници, и нивната и на Тамара.

Песната која беше победник според гласовите на жиријата и во втората полуфинална вечер и во финалето, претходно доби ремикс-изданија и од белградскиот диџеј и продуцент Грамофонџие, како и од Роберт Билбилов, кој воедно е дел и од авторскиот тим на оригиналната верзија, а како звучи „Proud“ низ призмата на „Сирилик“, дознајте во продолжение. Уживајте!

Tamara Todevska – Proud (Cyrillic Remix)

 

 

“Сирилик” снимија спот со велешанката Валери Димовска

Прилепското електронско дуо „Сирилик“ повторно напаѓа со нов сингл, а овој пат на браќата Андреј и Бојан Иваноски им се придружи велешанката Валери Димовска. Резултатот од нивниот заеднички труд е насловен „Доволни“, а како автори на музиката и стиховите се самите „Сирилик“ и Дина Јашари, со која ги снимија и хитовите „Во тебе се гледам“, „Feel Like“ и „Right Here“, продукцијата е исто така на „Сирилик“, додека миксот и мастерингот им се заеднички со Ивајо, во чие студио е снимена и самата песна.

„Сирилик“, Ивајо и Дина ги здружија силите за „Feel Like“

После одличната соработка за хитот „Во тебе се гледам“, прилепското дуо „Сирилик“ уште еднаш ги здружи силите со извонредната Дина Јашари, а овој пат им се придружи и Иван Јованов (Ивајо). Станува збор за уште еден потенцијален хит, кој го носи насловот „Feel Like“, чија музика е дело на „Сирилик“ и Ивајо, а за стиховите и мелодиската линија на пеење се одговорни Дина и Бојан Трајковски од Ај кју.

Песната, заедно со видеото што го изработи Зоран Зонде Стојановски, е објавена на официјалниот канал на Јутјуб на бугарската CDeep Music.

Cyrillic & Iwayo ft. Dina – Feel Like