Бразил се враќа ДОМА, Белгија во полуфинале!

Фудбалската репрезентација на Белгија е вториот полуфиналист на Мундијалот во Русија, откако вечерва го совлада Бразил со 2-1 и првпат по Мундијалот во Мексико од пред 34 години успеаја да се пласираат во едно полуфинале на Светско првенство.

Белгијците имаа и среќа. До предност стигнаа со несреќниот автогол на Фернандињо кој после еден изведен корнер си ја смести топката во својата мрежа.

Бразилците напаѓаа, меѓутоа не знаеја да го пронајдат патот до мрежата на Тибо Куртоа. Во 31.минута, Кевин де Бруин по еден брз противнапад зголеми на 0-2, со прецизен удар од 25 метри.

Во вториот дел, Бразил ги зби своите редови, заиграа поангажирано и играта вроди со плод. Во 65. минута се случи ВАР ситуација, по која веројатно Бразил беше оштетен за пенал, но не беше досуден, за неколку минути подоцна, Аугусто да намали на 2:1, за враќање на неизвесноста, но до крајот не успеа да постигне уште еден гол.

Brazil v Belgium – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 58

Untitled.png

Бразил го разоружа Мексико – Нејмар и дружината итаат кон мундијалско финале

Фудбалската репрезентација на Бразил го совлада Мексико со 2-0 и се пласираше меѓу најдобрите осум на Мундијалот во Русија, каде ќе играат против подобриот од вечерашниот дуел Белгија-Јапонија.

Мексиканците на последните шест мундијали редовно ја минуваа групната фаза, но не успеваа да ја прескокнат првата пречка во нокаут натпреварувањето, црна серија што продолжи и со денешниот пораз

Untitled

Србија немаше сили против Бразил (0-2), Бразил како лидер патува во нокаут-фазата!

Фудбалската селекција на Бразил не дозволи уште едно огромно денешно изненадување и со сигурна победа над Србија обезбеди „виза“ за нокаут-фазата на Светското првенство во Русија. „Кариоките“, иако не блеснаа со сиот свој сјај, одиграа онолку колку што беше потребно да го надигра нашиот северен сосед и со головите на Паулињо и Тиаго Силва стигна до рутинска победа од 2-0, која им донесе лидерско место во групата

Serbia v Brazil – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 41

Untitled

Бразил чекаше судиско продолжение за да ја „скрши“ Костарика

Бразил одигра натпревар далеку под очекувањата, долго се мачеше да стигне до триумф против Костарика и успеа со два гола до 2-0 дури во судиското продолжение, во 91. и 97. минута со головите на Кутињо и Нејмар.

Brazil v Costa Rica – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 25

Untitled

Ниту Бразил не стартуваше со победа, цврстата Швајцарија како „столб“ (1-1)

По ремито на Шпанија и Аргентина, и поразот за Германија, уште еден фаворит за освојување на титулата во Русија не успеа да го стартува Мундијалот со победа. Бразил беше задржан од цврстата Швајцарија за само 1:1 по 90 минути на стадионот во Ростов.

Brazil v Switzerland – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 9

Untitled

Јајца во глава за Кутињо…’среќен роденден’ од соиграчите

Асот на Барселона, Фелипе Кутињо, денеска полни 26 години, а неговите соиграчи од репрезентацијата на Бразил му го честитаа на оригинален начин. Нејмар ’прошверцува’ јајца на тренингот, им подели и на останатите, а потоа следеше и изненадувањето за Кутињо.