Како изгледа најавната шпица за новата сезона на „Беверли хилс“

Носталгијата за деведесетите, денес ја ставаме во петта брзина благодарение на римејкот на култната серија „Беверли Хилс 90210“. Истата ќе започне да се емитува на „Тв Фокс“ и досега во план се шест нови епизоди, од кои и всушност зависи дали новата верзија ќе добие цела сезона или ќе остане мал потсетник на телевизискиот феномен кој остави белег низ генерациите.

Најавната шпица, музиката, кадрите и темата не враќаат во минатото.

Габриел Картерис, Шенон Доерти, Џени Гарт, Брајан Грин, Џејсон Присли, Тори Спелинг и Иан Зеринг се во главните улоги на новата верзија „Беверли хилс“. Од поранешната постава недостасува само Лук Пери, кој почина од мозочен удар во март годинава.

Advertisements

Култната серија “Беверли Хилс 90210” се враќа на 7 август – Излезе првата најава

По најавата дека екипата на култната серија „Беверли хилс“ ќе се собере повторно, вчера вечер излезе и првата најава за серијата која со нетрпение повторно ја очекуваме.

Како што беше и претходно потврдено, а и се гледа во видеото, и Шенон Доерти (Бренда) се приклучи кон екипата. За жал, Лук Пери почина непосредно пред да започне проектот и ќе недостасува во новите епизоди.

Сепак, едно е сигурно дека ова видео буди спомени на едно безгрижно детство. „Беверли Хилс“ обележа цели генерации, така што нема сомнение дека премиерата на 7. август на „Фокс“ ќе биде со неверојатна гледаност.