Излезе првата постхумна песна на починатиот диџеј Авичи

На YouTube е објавен новиот сингл од починатиот шведски диџеј Авичи, „траката“ SOS од постхумниот албум кој официјално ќе биде објавен на 6 јуни, оваа година.

Песната беше објавена вчера, а веќе до денес, 11 април, има над 1,5 милиони преслушувања. Видеото кое е направено за овој сингл содржи трогателни пораки кои фановите ги објавуваа на социјалните мрежи после веста за смртта на Авичи.

Advertisements

СТОКХОЛМ СЕ ЖУРКАШЕ ВО ЧЕСТ НА АВИЧИ

Илјадници фанови вчера се собраа во центарот на Стокхолм за да ѝ оддадат почит на една од најголемите шведски музички ѕвезди, диџеј Авичи, кој почина во петокот во Оман на 28-годишна возраст.

Фановите го исполнија Сергелс торг, најголемиот плоштад во Стокхолм, родниот град на Тим Берглинг (Авичи), за по минута молчење, тажниот настан да се претвори во журка, откако беа пуштени некои од неговите најголеми хитови.

Почина шведскиот диџеј Авичи | Најголемите хитови на Авичи во едно видео

Тим Берглинг, или Авичи првиот интернационален успех го забележа во 2011 година со прогресив-хаус темата „Levels“, која се најде на 1. место во Шведска и на Билбордовата листа за денс-синглови, а му ја донесе и првата номинација за Греми. Авичи почина на 20 април во Мускат (главниот град на Султанатот Оман), на возраст од само 28 години, соопштија од неговиот тим.

За своите здравствени проблеми Авичи зборуваше јавно неколку години пред смртта. Имено, тој страдал од акутен панкреатитис, односно воспаление на панкреасот, за што најмногу придонело претераното пиење алкохол. Во 2014 година, тој откажал бројни настапи со цел да закрепне од оперативниот зафат за отстранување на слепото црево и жолчката, за во март 2016 да одлучи сосема да се пензионира од турнеите.

AVICII – LAST TRIBUTE