Австралија и се е можно! Параглајдеристот слета на туѓа територија, но не очекуваше ваква казна

Advertisements

Кошаркарите на Филипини и Австралија се испотепаа на квалификации

Кошаркарите на Филипини и Австралија се испотепаа за време на квалификациите за светското првенство во Кина во 2019 година. Филипини веќе губеа со доста поени кога почна кошкањето кое заврши со групна тепачка и мавање кому иде.

СП 2018: Перу со почесна победа над Австралија заминува од Мундијалот

Перу ја совлада Австралија со 2:0 во натпревар од групата Ц на Светското првенство во Русија.

По двата минимални порази од Франција и Данска, за Перу ова беше прва победа на мундијал по пауза од 36 години.

Андре Кариљо во 36-та минута донесе водство за Перуанците од 1:0, а во вториот дел Паоло Гереро беше прецизен во 50-та минута за конечни 2:0.

Untitled

СП 2018: Данска и Австралија ремизираа во Самара

Данска и Австралија одиграа со 1-1 во својот натпревар во вториот круг од групната фаза на Светското првенство во 2018.

Дуелот во Самара понуди убав фудбал, во кој првото полувреме беше изедначено, а второто помина под диктатот на „кенгурите“ на Берт ван Марвијк.

Кристијан Ериксен го отвори резултатот со многу убав гол во осмата минута, додека Миле Једињак израмни од пенал во 37-та минута.

Denmark v Australia – 2018 FIFA World Cup Russia™ – Match 22

Untitled

Франција со бледа игра сепак успеа да триумфира над Австралија (2-1)

Франција со бледа игра сепак успеа да триумфира над Австралија (2-1) и да стигне до цел плен на својот премиерен натпревар од СП 2018 во Русија. Дидие Дешамп се реши за драстично подмладен состав при што првите единаесетмина беа со просечна возраст од 24 години, а Французите со играта беа далеку под очекувањата на своите навивачи. Сепак, на крајот пресуди класата на „триколорите“, кои благодарение на Пол Погба спречија изненадување на овој премиерен натпревар

Untitled.png

 

 

И Георгиевски учествуваше во акцијата | Во Австралија можеби беше постигнат најубавиот гол оваа година

Рајан Мекгри постигна спектакуларен гол, гол за кој долги години ќе се зборува, а тоа се случи во шампионатот на Австралија.

Нема никакви дилеми дека овој гол на 19 годишниот фудбалер на Њукасл Џетс ќе влезе во конкуренција за најдобар гол на годината од страна на ФИФА за наградата „Ференц Пушкаш“.

Во оваа акција учествуваше и нашиот интернационалец Даниел Георгиевски.

 

За овој град се знае многу малку, илјада луѓе живеат во град под земја

Град за кој се знае многу малку, илјада луѓе живеат во град под земја Во Австралија постои вистински град кој се наоѓа под земја. Направен е на местото на еден напуштен рудник.

Неговото име е Кобер Пери и е еден од најинтересните места на светот. Овој град за кој многу малку се знае е живеалиште на илјадници луѓе.

Подземниот град Кобер Пери е скриен во австралиската пустина под милиони тони песок. Таинствениот Кобер Педи инаку, е основан во далечната 1915 година кога таму биле откриени наоѓалишта на опал. Но, поради високите температури и големата жештина , луѓето почнале да живеат под земја.

Луѓе од сите краеви на светот во потрага по опал се доселувале во жешката австралиска пустина. Кога биле под земја во рудниците на рударите им било пријатно, но голем проблем настанувал кога тие ќе излезеле од длабочините на рудникот на жешкото сонце, каде не можеле да ги издржат високите температури.

Поради тоа одлучиле старите и напуштени рудници да ги претворат во свои домови. Денеска во Кобер Педи живеат повеќе од 4000 луѓе. Во градот има и неколку подземни хотели, продавници, музеи и цркви. Домовите се еднакво модерни како и оние дан земјата ,Кобер Педи стана туристичка атракција.

ВИДЕО: Пристигна Новата година во Австралија

Со спектакуларен огномент пристигна Новата година во Австралија.

Повеќе од милион луѓе ја дочекаа Новата година со огномети, кои беа посветени на пејачите Принц и Дејвид Боуви.

Седум тони огномет беа лансирани од пристаништето во форма на Сатурн, месечината и ѕвезди во чест на песната „Space oddity“ на Боуви и во спомен на Принц, кои починаа во 2016 година.

nova godina avstralija