Антониа Гиговска и Симеон Коруновски | Прекрасна изведба на “Усни на усни” од Тоше

Advertisements

Антониа Гиговска ја промовираше својата нова песна – „Светлина во мрак“

Младата пејачка Антониа Гиговска, која се катапултираше на македонското музичко небо преку регионалното талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ и главната улога во македонскиот мјузикл „Тајно моја“, деновиве ја промовираше својата нова песна. Станува збор за темата насловена „Светлина во мрак“, која е авторско дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа и на нејзиниот претходен хит „Невреме“.

Антонија Гиговска го промовира своето прво видео

„Невреме“ е насловот на новата песна на Антонија Гиговска, која беше промовирана заедно со својата екранизација, што воедно е и прва во кариерата на оваа млада и перспективна пејачка. Зад нејзиното „Невреме“ застанаа хитмејкерите Лазар и Магдалена Цветкоски, а видеото го режираше Ана Јорданова.

Погледнете го победничкиот настап на Денис и Антонија во „Кастинг талент шоу“

Во Македонската опера и балет вчера се одржа суперфиналето на „Кастинг талент шоу“, во чии рамки се одбраа главните улоги за првиот македонски мјузикл „Тајно моја“, насловен по истоимениот евергрин на Тоше Проески.

Иако на самиот крај жирито одлучи на сите 9 суперфиналисти да им додели улоги во претстојниот мјузикл, победниците што ќе ги имаат главните улоги беа Антонија Гиговска и Денис Димоски. Триумфот го одбележаа и со заеднички настап, изведувајќи ја познатата тема „The Prayer“ од Селин Дион и Андреа Бочели, во кој можете да уживате горе.