90 секунди со 2Бона

[ сезона 02, епизода 20 ] „90 SECONDS“ е серијал во кој што еден гостин одговара на брзо поставени забавни прашања и има 90 секунди за истите.

90 SECONDS w/ 2Bona
Advertisements

„2Бона“ ја претставија својата „Бела ноќ“

Хип-хоп, рап и ар-ен-би дуото „2Бона“, кое се појави на музичката сцена во 2015 година, деновиве ја претстави својота нова тема насловена „Бела ноќ“. Ова е нивна втора песна за нешто повеќе од еден месец, по соработката за темата „Дијаманти“ со Слаткаристика.

Овој пат се работи за тема во која членовите на дуото – Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – се сами изведувачи, додека музиката е авторско дело на Иван Јованов – Ивајо, кој заедно со Кун го направил и миксот и мастерингот, а за видеото се погрижи екипата на продукцијата „Год ај продакшн“ (God Eye Production).

 

Слаткаристика и „2Бона“ имаат полна чанта „Дијаманти“

Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Дијаманти“, за кој ги здружи силите со своите колеги од дуото „2Бона“. Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито – кои дебитираа на музичката сцена во 2015 година, со Слаткаристика соработуваа и за нивната „Би направил сè“, а овој пат соработката ја заокружија и со филмско видео исполнето со акција.

Музиката на „Дијамантите“ ја потпишува самиот Слаткаристика, стиховите му се заеднички со „2Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижи и за миксот и мастерингот. Видеото, пак, е дело на продукцијата „Год ај“ (God Eye), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Промоција | 2Бона и Слаткаристика – “Би направил се”

“Би направил се” е насловот на новата песна на новите дечки 2Бона и нашиот познат Слаткаритика. Песната е пуштена пред само некој ден на официјалниот YouTube канал на Слаткаристика. “Виновници” за создавањето на оваа песна се: Марио Јелиќ и Антонио Стојановиќ (2Бона), како и Слаткаристика и Иван Јованов – Iwayo. За видеото кое што е неофицијално и кое што ќе имате прилика во продолжение да го погледнете, се погрижи и го реализираше Филип Пауновски.