Одбојкарите пречекани со трубите на Агушеви и “Бисер Балкански”

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска се врати во Скопје откако го заврши настапот на Европското првенство.

Иако не се пласиравме во осминафиналето, одбојкарите имаа убав пречек во Скопје. Беа пречекани со трубите на оркестарот „Џамбо Агушеви“ кои им ја отсвиреа и неофицијалната химна „Бисер Балкански“ која често ја пееа во Словенија.

Advertisements

Стојне Николова и Џамбо Агушев ги здружија силите за „После мене“

Фолк-пејачката Стојне Николова деновиве го промовираше своето најново музичко остварување насловено „После мене“, во кое гостува колегата Џамбо Агушев. Станува збор за авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Бобан Мојсовски, чиј потпис стои на музиката и аранжманот, а стиховите се дело на Љупче Василев, кој ја игра и главната машка улога во видеото.

Песната е снимена во студиото „ХЛ Момировски“, а на видеото работеше екипата на продукцијата „Зона М1“, во чии простории се одржа и самата промоција, додека снимањето се одвиваше на повеќе локации, меѓу кои и коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје. Уживајте!

Џамбо Агушев на Улицата на славните во Холивуд

Пред некој ден тие беа во Америка и имаа повеќе концерти и направија нов видео спот на „Улицата на славните“ во Холивуд.

Џамбо Агушев не престанува да реди успеси и да го освојува светот со својата труба и неговиот оркестар.