Јапонката што ја издрибла пола Северна Кореја

Видеово е старо од 2010-та, ама епско за азискиот фудбал и младинските мундијали. Ја имаме Куми Јокохама од Јапонија на која се обидува да и ја земе пола селекција на Северна Кореја. Се работи за светско првенство за фудбалерки до 17 години.

Advertisements

Ваков епски пресврт на Светско немало 48 години | Белгија се врати од мртвите за да ја шокира Јапонија во 94.минута

Насер Чадли донесе победа за Белгија против Јапонија од 3-2 во 94-тата минута и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Во Ростов се одигра сензационално второ полувреме, бидејќи Јапонија од 48-та до 52-та минута поведе со 2-0, преку Харагучи и Унуи. Белгија успеа да воскресне и за пет минути го израмни резултатот преку среќниот гол на Јан Фертонген во 69-тата минута, а потоа и Маруан Фелаини погоди за 2-2.

Јапонија тргна на сè или ништо во финишот, а во контра напад „црвените ѓаволи“ знаеја како да казнат. Во четвртата минута од судиското продолжение преку Насер Чадли дојдоа до победата и си обезбедија дуел со Бразил во четвртфиналето.

ВЕІGІUМ vs JАРАN – НІGНLІGНТS – 2018

Untitled

Јапонија и покрај поразот од Полска (0-1), се пласираше во осминафинале, поради помалиот број на жолти картони кои ги доби на Мундијалот

Јапонија и покрај поразот од Полска, се пласираше во осминафинале, благодарение на помалиот број на жолти картони кои ги доби на Мундијалот.

Во израмнет натпревар, Полска преку Јан Беднарек успеа да постигне гол за победа од 0-1 и утешен триумф со кој се збогуваат од Светското првенство во Русија.

За првпат на годинешното Светско првенство се случи ваква ситуација, откако Јапонија и Сенегал имаа ист број на бодови, како и иста гол разлика, но поради разликата во жолти картони (Сенегал има шест, Јапонија четири), Јапонците ја завршија групната фаза на втората позиција.

Untitled.png

Четири гола, за Јапонија и за Сенегал по четири бода (2-2)

Јапонија и Сенегал ремизираа 2-2 во интересен дуел од групата Х и сега двете селекции имаат по четири освоени бода во пресрет на последното коло од овој сегмент на Мундијалот.

Untitled

Јапонските навивачи ја чистеа трибината по натпреварот со Колумбија

Јапонските навивачи го зачудуваат и воодушевуваат целиот свет со своето пристојно однесување на Светското фудбалско првенство во Русија.

По вчерашниот натпревар со Колумбија каде што Јапонија победи со 2-1, верните поддржувачи на “сините самураи” и покрај еуфоријата, не заборавија да ја остават трибината на „Мордовија арена“во Саранск каква што ја најдоа – чиста.

По завршување на средбата ги засукаа ракавите, зедоа вреќи за ѓубре и почнаа „акција“ за чистење на ѓубрето што го направија, по што го напуштија стадионот.

Јапонија – Колумбија 2-1 | Прва победа на една селекција од Азија против ривал од Јужна Америка на светските шампионати

Јапонија го стартуваше настапот на СП 2018 со голема победа над Колумбија, совладувајќи го незгодниот противник со 2-1. „Самураите“ им се одмаздија на Колумбијците за поразот од 1-4 во групната фаза од претходниот мундијал, максимално користејќи ја предноста од фудбалер повеќе по раниот црвен картон што го добија противниците. Ова воедно беше и историска победа, прва на една селекција од Азија против ривал од Јужна Америка на светските шампионати.

Untitled.png

Бизарен „меч“ во Јапонија – Сап загуби од мечката, но не загина

Иако не ја оправдаа најавата дека ММА фајтерот Боб Сап ќе се бори со мечка, јапонските организатори направија бизарен „меч“ за Нова Година. Сап пред „мечот“ имаше низа од 14 порази.

Меѓу Сап и гризли мечката беше поставена преграда, а двајцата требаа да се истуркаат до целта. На крајот мечката победи и дури ја сруши преградата меѓу нив. Навистина бизарно.

Јапонски одбојкари го шокира светот: Сите мислеа дека ќе се тепаат, а тие се бакнаа

Несекојдневна сцена се случи на одбојкарски натпревар во Јапонија, откако двајца играчи од спротивни тимови започнаа да се туркаат.

На Ол-стар натпреварот во Јапонија, играчите од противничките тимови Чејсер Ју Јамамото и Такуја Такамацу се искраа, а расправата се закануваше дека ќе се претвори и во тепачка, но сепак, по туркањето тие се бакнаа во уста.

БАБУНСКИ РАСТУРА ВО ЈАПОНИЈА: Мајсторски гол на Македонецот, цел стадион му се поклони (ВИДЕО)

Давид Бабунски, македонскиот фудбалер, кој игра за јапонскиот тим Јокохама, повторно го покажа својот талент. Тој во дуелот на неговиот тим со Консодале Сапоро, постигна гол со кој го крена цел стадион на нозе, а коментаторот не можеше да се воздржи од радост за мајсторијата на нашиот интернационалец.

Во 47. минута од дуелот, Бабунски постигна гол со кој Јокохама поведе со 1:0. До крајот на дуелот следеа уште два гола за Јокохама, со што Бабунски имаше уште поголема причина за славење.