Нова „бомба“: Милошоски и Јанкулоска организираат сообраќајка за да блокираат гласачи

На јутјуб денеска е објавена нова бомба. Овој пат главни актери, според објавувачот, се ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Во овој разговор Јанкуловска дава инструкции како да се исценира сообраќајна незгода на патот од Охрид кон Кичево, за албанските глсачи кои пристигнале на охридскиот аеродром, да не може да отидат во Кичево на гласање.

Двајцата заклучуваат дека ќе биде најдобро да се преврти камион со песок, но и да бидат вклучени повеќе институции, како царината, МВР, за сите по малку да ги задржат гласачите.

Вечерва во 21 часот ексклузивно во отворено студио на 1ТВ гостин Гордана Јанкуловска

Отворено за подемот и падот во кариерата, за сите судски процеси во кои е обвинета. Дали го осудува бегството на Груевски и дали тоа ќе предизвика откривање на нови вистини?