Ѓоко Танески прави пресврт во кариерата со – „Една љубов имам“

Македонскиот поп пејач Ѓоко Танески реши да направи пресврт во кариерата по теркот на Каролина Гочева и нејзиното „Македонско девојче“. Имено, тој ја промоивираше новата песна насловена „Една љубов имам“ со која познатиот охриѓанец прави пресврт во начинот на музицирањето и својата изведба, па од поп-рок водите запливува во еден сосема поинако стил, подруг жанр кој може да се нарече етно-поп со фолк примеси, а на моменти и џез елементи.

Преслушајте ја „Една љубов имам“ и проследете го видеото во кои покрај пејачот главните улоги ги толкуваат моделите Марис Жолен и Мартин Нацевски, песна со која стартува новото поглавје во музичката кариера на Ѓоко Танески.

Зад видеото пак стои сограѓанинот на Ѓоко, проверениот режисер на видеоспотови Даниел Јовески од Охрид каде и е сниман спотот на неколку различни локации.

Ѓоко Танески го претстави видеото за својата најнова песна насловена „Тој што во срце те носи“

Популарниот македонски пејач Ѓоко Танески го претстави видеото за својата најнова песна насловена „Тој што во срце те носи“. Станува за уште една моќна балада од охридскиот музичар, чија музика и аранжман ги потпишува неговиот долгогодишен соработник и колега Дамјан Лазаров, а стиховите се дело на Ана Пандевска.

Сето тоа визуелно го дополни продукцијата „Крстевски ентертејнмент“, снимајќи на повеќе импресивни локации во охридскиот регион, вклучувајќи ги и идиличните извори кај Свети Наум, а покрај Ѓоко, во видеото се појавуваат и Анета Спиревска и Синиша Стојаноски.

Како изгледа и звучи најновото од Ѓоко Танески дознајте во продолжение. Уживајте!