Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска го посети гробот на Гоце Делчев

Advertisements

Свечен пречек на премиерот Заев во рамки на официјалната посета на Црна Гора

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Црна Гора Душко Марковиќ, како дел од програмата на дводневната официјална посета.

Двајцата премиери потоа одржаа тет-а-тет средба на која разговараа дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план на стопанствениците на Северна Македонија и Црна Гора.

Редок феномен во Црна Гора го привлече вниманието на медиумите – дрво низ кое тече вода

Во селото Диноша во Црна Гора се наоѓа дрво низ кое тече вода.

Овој феномен најчесто е предивикан од обилни дождови, кои ги преплавуваат подводните извори, па дополнителен притисок ја поттиснува водата на површината, низ корењата на дрвото.

Дрвото прикажано на видеоснимката е шупливо, па водата буквално се излива од него.

Локалниот жител Емир Хакрамај вели дека овој феномен постои веќе 20-25 години, можеби и подолго, а дрвото е старо околу 100 до 150 години.