Tag Archives: Хрватска

Хрватската претставничка Франка ја претстави евровизиската песна „Crazy“

Пред неполн месец хрватскиот национален сервис откри дека боите на Хрватска во Лисабон годинава ќе ги брани младата пејачка Франка Бателиќ, која на „Евровизија 2018“ ќе се натпреварува со темата „Crazy“. Со стихови од самата Франка и со музика и аранжман на Бранимир Михаљевиќ и Денис Мевља, песната својата премиера ја имаше вчера, а евровизиските обожаватели веќе прогнозираат успех и влез во финалето.

Advertisements

Пратеник од Хрватска прсна од смеа говорејќи за бананите

Пратеник од хрватскиот парламент се изнасмеа на говорницата зборувајќи за цените на бананите за време на седницата што траеше со часови.

Во парламентот се расправаше за измени во Деловникот, но расправата што започна во четвртокот малку пред полноќ траеше во текот на целата вечер.

Ситуацијата подоцна беше доведена до апсурд кога пратеникот Томислав Панениќ говорејќи за растот на цената на бананите, прсна од смеа.

Поради силните оркански ветрови во Хрватска – камион на две тркала

Поради силните оркански ветрови, автопатот Ријека – Загреб е затворен за сообраќај за товарни возила и по него може да се сообраќа само со автомобили.

Но еден возач на камион решил да ја игнорира забраната.

Погледнете како се бореше со ветрот.

Најинтересниот момент е меѓу 30тата и 45 секунда