Неверојатно – Судија постигна гол на фудбалски меч во Холандија

Неверојатна ситуација ни доаѓа од фудбалските терени во Холандија, а во прашање е една од ниските лиги „Дерде дивизија“. Во најсилната аматерска фудбалска лига во Холандија, се сретнаа Харкмес Бојс и ХСВ Хоек.

Домаќините триумфираа со 4-2, а еден од четирите гола не го постигна ниту еден од фудбалерите на Харкмес, туку судијата на натпреварот. Тој се најде во непосредна близина на голот на Хоек, кога топката го погоди во ногата и се одби во голот.

Advertisements